Почетна --> Архива --> 268 --> НАЈДОБРИОТ БЛЕФ
НАЈДОБРИОТ БЛЕФ
Автор: Марјан Вучковиќ   

Блефот како најважен адут во играњето  покер еднаш веќе го имав спомнато како многу искористена алатка во политиката. Ама, тогаш ни на ум не ми паѓаше, дека властодршците читат ЕГО и толку многу се внесват во текстојте шо сега се решија да удрат една партија добар покер. Ама, ова шо денес ни се случва во државава не е обичен, почетнички покер, ова е high class покер. А играта започна вака:

О-позиција–та почна со raise, или да си кажиме на нашки, го удри првото покачвање на влогот ко се закани дека ќе прај митинзи секој втор ден. Опозитот на опозицијата (власта де, :)), удија call, или на наше, го прифати влогот. За право, во тој момент имаше и поубај карти. Еден куп надежни љуѓе,

Страдалници, верници

за подобар живот.

Ама, О-позицијата, ојде подалеку, па уште толку го крена рејтинго (или за поќерашите - демек даде bet pot), па влогот толку нарасна шо власта се подума тро, ама се реши да остани во играта. Охрабрени од знаците од страна на власта кои инсинуираа слаба заинтересираност, односно никаква можност за предвремени избори, уште толку се исилија па пак го зголемија влогот! Тука власта имаше среќа, оти дилерот е на нивна страна па им отвори уба карта (или во превод - инцидентот со А1), па го прифатија влогот, па дури и го зголемија (пикнаја во Шутка еден куп мангупи).

Е тогаш дури, на масата за покер испоседнаја и другите заспани партии, алијас куршуми од мал калибар, кои не можат да те убијат ама ќе ти ги замрсат сметките.

Се на се стана многу жешко на масата за

Покер по име Македонија

Ама во покерот нема назад. Ако се откажиш, се шо си фрлил не се враќа! Знаејќи го то, опозицијата немаше друг избор освен да оди на All IN, или да бара предвремени избори и покрај то шо картите в рака не беа асолни. Ама, зато пак, тука е блефо.

Од друга страна пак, власта, се уплаши од потегот на овие, шо истурија на маса се шо се има на располагање, оти нема назад. Па зато и тие манаја блеф и сеа тие ојдоа All IN. Сега тие повикаја на избори со сите сили и со сите гласој... шо останаја.

Така некако звучи ситуацијата која овие три месеци не занимава по телевизиите. Интересно е шо двајцата играчи немат никакви карти в раце, а оние шо се на масата се тотална катастрофа за нивно комбинирање. А на масата имаме, безработица, беспарица, грешки од катастрофални размери, млитава и веќе видена политика, гнев бес и поделеност.

Значи, освен блефирањето, овие двајца играчи немат ништо друго.

А во покерот има само еден победник, тој шо најмногу и најуспешно ќе изблефира. А кој е тој? Па се разбира - НАРОДОТ!

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________