Почетна --> Архива --> 268 --> KOJ СЕ КРСТИ ВО СВЕТИ НИКОЛА
KOJ СЕ КРСТИ ВО СВЕТИ НИКОЛА
Автор: ЕГО Редакција   

•  Грујо е толку многу алергичен на името Бранко, што во неговото опкружување не постои негов соработник со име Бранко. А во другиот двор пак, Бранко, од аверзија спрема името Никола, од неговата близина со време го тргна единствениот Никола... оној де, Поповски.

•  Чешит ќе биде ако се вистински шпекулациите дека Бранко за куќна слава го има Свети Никола, а Грујо се `рска во транс и се чувствува возвишено читајќи ги текстовите на Бранко... Геровски и Тричковски.

•   Ако некој рече дека политиката е ороспија, тоа навистина е навреда... ама за ороспиите.

Под притисок на ЕУ и САД, хрватската премиерка Јадранка Косор им се закани на хрватските банкари и од нив побара да ги намалат каматните стапки за сите видови кредити. Доколку пак тие тоа не го сторат, Косорица сериозно размислувала нив да ги репне со банкарски данок!

Поради проценката дека во Англија и Велс опстојува многубројна бирократија, владите на тие земји решија да формираат национална агенција за подобрување на работни услови и создавање на бизнис-клима, при што првите мерки ќе биле кратење на бирократијата и подобрување на државните услуги. За носител на овие реформи ќе била именувана Ангела О`Конор, експерт за оваа работа!

Заради нарушување на угледот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, во Италија се појави секс-чума по име Карима Ел Махруг - Руби, која како

Ашиќере давачка

на сексуални услуги му го свртела умот на Таљанецоф!

Заради состојбите во Северна Африка и Блиско-далечниот исток, ОН донесоа низа рестрикции, ембарга и сугестии спрема тамошните диктатори!

Е сега, дали ви се верува дека ќе разбереме кога и дали воопшто овие активности ќе завршат до крај? Односно, дека во Хрватска ќе се намалат банкарските камати, дека во Англија ќе се намали бирократијата, или дека Берлускони ќе падне

Во апс за секс

скандалот, односно дека во земјите на Африка и Азија каде има масовни немири под притисок на ОН истите ќе престанат?

Ќе се разбере, ами како! Арно ама, дали ќе се разбере што „совет“ му дадоа потпретседателот на САД, Џо Бајден и државниот секретар, Хилари Клинтон, на наш Грујо - е тоа, не можам да гарантирам. Изгледа оти тоа е

Најголемата тајна

за месец февруари. Таман се израдував дека Груевски и се обрати на нацијата да и каже нешто за ова, тоа да ти бил Груевски, ама не Никола туку Живко и не премиерот на Македонија, туку големиот мајстор на Големата масонска ложа на Македонија.

Е па, да ти пукне душата! Ко ќе речии некој дека политиката е ороспија, то стварно е навреда... ама за ороспиите! Бати политиката во која активни учесници се Руби, Левински, Чичолина, мадам Пепи и не знам кој друг од некој си таму партиски бордел.

Можеби содржината од средбата меѓу Американциве и Грујо кроце-кроце некако ќе се дошика, арно ама, апла се гледа дека ќе има избори. Избори ами шо! И тоа не било какви, туку предвремени, како и сите други... без избор. Значи, карактеристичната асоцирачка црвена ламба се запали.

Нека има што сака, само војна да нема, зборуваше на времето мојата покојна баба, онаа де, што имаше јавна

Куќа во Солун

на Виа Игнација и кога не и одеше бизнисот не ги менуваше чаршафите, туку ороспиите.

На престојните вондредни избори (и по нив) ќе глумат се и сешто, ќе изведувааат камасутри, ќе ветуваат планини и долини, за на крај се да се сведе на изреката дека на секоја македонска влада под итно и треба нова држава. Како што се упорни овие нашиве лидери кон постигнување на некои резултати, со сигурност и тоа ќе го постигнат. Не случајно потпретседателот на САД, Бајден, на секој настап изнесува дека „ако вашите постапки ги инспирираат останатите да сонуваат повеќе, да научат и направат повеќе од себе, тогаш сте лидер“.

За кого се однесува ова? Не мом да скопчам!

А кај нас како што се појавуваат политичките лидери, така процентот на неопределени гласачи се зголемува.

Според моите скромни анализи, Грујо е толку многу

Алергичен на името

„Бранко“, што во неговото опкружување воопшто не е егзистира негов соработник со име Бранко. А во другиот двор пак, Бранко, од аверзија спрема името „Никола“, од неговата близина со време го тргна единствениот Никола... оној де, Поповски. Арно ама, не знам во кој кош да го ставам Никола, оној адвокатот, Поленак... оној де, едно време што беше голем секретар на Големата ложа на Македонија, или, ако ви е полесно, правниот застапник на Бранко кога последниов има работа со судовите. Како и да било, ама 100% чешит ќе биде ако се вистински шпекулациите дека Бранко за куќна слава го има Свети Никола, а Грујо се `рска во транс и се чувствува возвишено читајќи ги текстовите на Бранко... Геровски и Тричковски.

Се е можно по светов! Многу постапки на нашиве политички лидери ги имам лоцирано во книгата „Препознавање на личноста по надворешниот изглед и однесувањето“ од професорот по психопатологија Јован Ѓорѓевиќ. Немам намера да им ја изнесувам нејзината содржина, ама ќе потсетам дека во Битола, во дворот на ОУ „Стив Наумов“ има една ја зандана, ја кула... што ја викаме „Зандан куле“. Претпоставувате за што служела таа во дамнина? Е, да ви кажам дека многу архитекти се едногласни во констатацијата дека истата за многу кратко време би можела да се предаптира за сегашните пенитенцијарни потреби. И онака има

Оскудица од апсани

во земјава.

Секоја земја си има позитивна карактеристика која е многу специфична за нејзината клутура. Така, Чешка е најдобра за секс, во Белгија е надобро да си сопственик на куче, во Франција е најдобро да имаш бебе, Холандија е најдобра за геј-заедниците, Шпанија е најдобро место за вечерање, Србија е надобра за годишен одмор за Кубанците бидејќи Фидел Кастро бил по потекло од околината на Ниш.

А ние ? Ние си имаме посебна специфика која ја нема никаде и никој во Галаксијата! Ние си замислуваме дека сме во вечна борба на две збирштини. Едната е злобна и во неа преовладува гневот, зависта, љубомората, самосожалувањето, лутината, инфериорниоста, лагата и егоизмот. Другата збирштина е добра и во неа преовладува хуманоста, радоста, мирот, љубовта, надежта, ведрината, понизноста, љубезноста, сочувството, даржливоста, вистината и верата. Проблемот е во тоа што оваа вторава кај нас ја нема!

Аш-бубата! Изчезна! Таа може само да се бара. Кој ќе ја најде, ќе победи. Во таа потрага сега засега може да помогни оној, гркот, Диоген... тој де, што дење шеташе со запален фенер и бараше луѓе.

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________