Почетна --> Архива --> 268 --> Феминистичка револуција на Блискиот исток
Феминистичка револуција на Блискиот исток
Автор: ЕГО Редакција   

Жените во Египет не беа само „придружнички“ во протестите – тие беа водечка сила зад културната еволуција која ги направи неизбежни протестите. И она што е вистина за Египет, повеќе или помалку, е вистина и за останатиот арапски свет. Кога жените ќе се променат, сè се менува, и жените во муслиманскиот свет се менуваат радикално.

Меѓу повеќето преовладувачки западни стереотипи за муслиманските земји се и оние кои се однесуваат на муслиманките: забулени, послушни, егзотично тивки и романтични жителки на замислените хареми, прикриени зад крутите родови улоги. Па, каде се овие жени во Тунис и Египет?

Во обете земји жените-демонстранти не беа ништо слично со западниот стереотип: тие беа фронт и центар, во клиповите од вестите и на Фејсбук форумите, па дури и во водството на самите протести. На Тахрир плоштадот во Египет, жени-доброволци, некои придружувани од страна на своите деца, работеа постојано за поддршка на протестите – помагаа околу безбедноста, комуникациите и засолништата. Многу коментатори им припишуваат заслуги на голем број жени и деца за извонредната целокупна мирољубивост на

Демонстрантите

кои беа соочени со силни провокации.

Еден граѓанин-новинар од плоштадот Тахрир (буквално секој со мобилен телефон би можел да стане новинар), забележа дека бројните жени, вклучени во протестите, беа демографски разновидни. Многу од нив носеле шамии и други знаци на верски конзерватизам, додека други биле со откриени глави и чувствувале слобода да бакнат пријател или да испушат цигара во јавност.

Но, жените не служеа само како поддршка, вообичаена улога со која се поврзуваат за време на протестните движења, почнувајќи од оние од 1960-те години па сè до неодамнешните студентски протести во Британија. Египетските жени беа исто така организирани, имаа стратегија и известуваа за настаните. Блогерките, како Лејла Захра Мортада, презедоа опасни ризици со цел светот да биде информиран за случувањата на плоштадот Тахрир и на другите места.

Улогата на жените во

Големиот пресврт

на Блискиот исток е многу малку анализирана. Жените во Египет не беа само „придружнички“ во протестите – тие беа водечка сила зад културната еволуција која ги направи неизбежни протестите. И она што е вистина за Египет, повеќе или помалку, е вистина и за останатиот арапски свет. Кога жените ќе се променат, сè се менува, и жените во муслиманскиот свет се менуваат радикално.

Најголемата промена е образовна. Пред две поколенија, само мал број ќерки од припадниците на елитата добиваа високо образование. Денес, жените сочинуваат повеќе од половина од студентите на египетските универзитети. Тие се обучени да ја користат моќта на начин што нивните баби едвај можеа да си замислат: објавување весници (како што стори Сана ел Сеиф, пркосејќи и’ на владата со цел таа да запре со работа); кампањи за студентска лидерска функција; прибирање финансиски средства за студентски организации и работни состаноци.

Всушност, значителен број млади жени во Египет и други арапски земји сега ги трошат своите млади години во критичко размислување во средини од мешани полови, па дури и јавно ги предизвикуваат машките професори во училниците.

Многу полесно е да се тиранизира населението кога една половина од него е лошо образована и истренирана да биде послушна. Но луѓето од Запад би требало да знаат, од своето историско искуство, дека штом ќе се едуцираат жените, многу веројатно е дека демократската агитација ќе ја придружува масовната културна промена што следува.

Исто така, природата на социјалните медиуми им помогна на жените да станат

Лидери на протестите

Учејќи ги жените на лидерски вештини повеќе од десет години, знам колку е тешко да се натераат да истапат и да проговорат во една хиерархиски-организациска структура. Исто така, жените имаат тенденција да го избегнуваат статусот на култни фигури кои традиционалните протести во минатото им ги наметнаа на одредени активисти – речиси секогаш тоа е млад човек со вжештена глава и со мегафон во рацете.

Во тој контекст – со сцена пред себе, да се биде центар на вниманието, и да се има свој гласноговорник – жените често ги избегнуваат лидерските улоги. Но, социјалните медиуми, преку самата природа на технологијата, го сменија она што до неодамна се нарекуваше водство. Фејсбук го имитира начинот на кој многу жени избираат да се доживее општествената стварност, со врските меѓу луѓето кои се подеднакво важни како и индивидуалната доминација или контрола, ако не и повеќе.

На Фејсбук можете да бидете моќен водач само со создавање на навистина големо „ние“. Или можете да останете со иста големина, концептуално, како и секој друг на вашата страница – не морате да ја наметнете својата доминација или авторитет. Структурата на поврзувањето на Фејсбук го создаде она што институциите од тули и малтер, и покрај 30 години

Феминистички притисок

не успеаја да го обезбедат: контекст во кој женската можност да создаде моќно „ние“ и да се ангажира во раководството може да придонесе за подобрување на слободата и правдата низ целиот свет.

Се разбира, Фејсбук не може да го намали ризикот од протест. Но, колку и да е насилна блиската иднина на Блискиот исток, историскиот рекорд на она што се случува кога образованите жени учествуваат во движењата за слобода покажува дека оние во регионот кои би сакале да ја задржат железната тупаница се минато.

Токму кога Франција почна да се бунтува во 1789 година, Мери Волстонкрафт, која била сведок на настаните, го напиша својот манифест за ослободување на жените. Потоа образованите жени во Америка помогнаа во борбата за укинување на ропството, и на дневен ред го поставија право на глас на жените. Откако им беше кажано во 1960-те дека „позицијата на жените во движењето е во опаѓање“, тие генерираа „втор бран“ феминизам – движење родено на новите вештини и на старите фрустрации на жените.

Некогаш жените се бореле во други битки за слободата, а сега тие се префрлија во застапување на своите права. И, бидејќи феминизмот е само логично продолжување на демократијата, деспотите од Блискиот исток се соочуваат со ситуација во која ќе биде речиси невозможно да се сопре разбудената сила на овие жени, да се прекине нивната борба за слобода – за нивната лична слобода, но и таа на нивните заедници

Наоми Волф

project-syndicate.org

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________