Почетна --> Архива --> 268 --> И ВОЛКОТ СИТ - И ОВЦИТЕ НА СТРИЖЕЊЕ
И ВОЛКОТ СИТ - И ОВЦИТЕ НА СТРИЖЕЊЕ
Автор: Симе Алушевски   

1. ДПМНЕ сака, СДСМ не сака. Всушност, првите не сакаа, туку вторите бараа, ама не било како, туку под посебни услови, демек не со сила, туку од љубов. За изборите станува збор!

 

2. Ама, којзнае што вистински стои зад оваа шашарма!

Кога ќе помислам дека од пред два дена струјата поскапи, не можам да се оттргнам од впечатокот дека овде нешто смрди. Па кој паметен поскапува струја пред избори? Плус, власта не стигна да ги покачи платите на просветарите, пензиите, пензионерите да ги прати на уште едно бесплатно бањско капење, да запише уште еден куп бруцоши такаречи за бадијала пари... Сега се во најлоша позиција, а на повидок е една малку подобра година. Претпоставка е дека до есен нешто и би поправиле од ова, но сега? Токму сега на избори?

 

3. Тие никому не му требаат, зашто на нив ВМРО ќе изгуби, а СДСМ нема да добие! Народот и онака зихер губи, по дифолт.

Замислете како би се водела кампањата во услови кога:

Никој ништи не работи, а производството расте!

Производството расте - ништо нема!

Ништо нема - сите имаат се!

Сите имаат се, сите се незадоволни!

Сите се незадоволни, сите гласаат ЗА!

Сите гласаат ЗА, сите работат против!

 

4. Зад оваа кујна, според мојата маленкост, стојат некои игричиња сервирани на доручекот кај Обама и на кафе-муабетот кај Бајден. Дали навистина е така, само времето ќе каже, ама ако е така, во тој случај, верувале или не, на најавуваните избори власта ќе запне од петни жили да освои што помалку гласови. СДСМ и онака не може да се надева на којзнае колку голем успех. Во таква ситуација изнудена би била влада на широка коалиција: Грујо не би имал доволно гласови да распише референдум: Таквата влада би го зела товарот за решавање на спорот со името.

 

5. И волкот сите, и овците... на стрижење!

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________