Почетна --> Архива --> 269 --> Учиме МАКЕДОНСКИ
Учиме МАКЕДОНСКИ
Автор: Марјан Вучковиќ   

Ти си Македонија, второ лице еднина. Јас сум А1, прво лице еднина, па имаш негација Јас не сум А1. Ние сме за избори, прво лице множина, Вие не сте за избори, второ лице мнoжина. Тие (избирачите), не е важно шо мислат, важно е ние шо мислиме – трето и второ лице множина, проширена реченица.

Велат дека чоек учи дури е жив. За некој то е така, а за други важи едно друго правило, дека се си знај и никој немој нишо да му сугерира. Е, арно ама, сеа од ко почна се подгрева надешта за избори, за кои постојат појќе тези (а кои малку подолу ќе и разглобиме), сакам да истакнам дека и покрај фрката со држ-недај политика, ова е вистинска можност да учат македонски, сите оние шо досега не успеале, вклучувајќи го и дипломатскиот кор во Македонија.

Почетнио курс за македонски јазик звучи вака: Ти си Македонија, второ лице еднина. Јас сум А1, прво лице еднина, па имаш негација Јас не сум А1. Ние сме за избори, прво лице множина, Вие не сте за избори, второ лице мнoжина. Тие (избирачите), не е важно шо мислат, важно е ние шо мислиме – трето и второ лице множина, проширена реченица.

А бе, на ваков курс по македонски јазик можи и самиот Блаже Конески да позавиди.

А дека има ефект - има! Амбасадорите во Македонија шпикат македонски поубо од нашите сограѓани од западов.

А шо спомнавме за тезите за избори, меџународната заедница ќе дојси кључна одлука дали и кога ќе има избори. Пошто народо многу го боли уво, меџународњаците сеа дискутират дали е добро сегашната влас да добие на избори (брзи, побрзи амин). Со ваква пресметка, владава би добила мандат да го реши името набрзо после победата, а за возврат ќе има доста време да ја смири хистеријата. Друга варијанта е дека со избори можда е поарно да се почека до на есен, оти до тогаш ќе се разбистрат матните води шо не поплавија.

Туку да си се вратиме ние на курсот за јазици. Не само шо секој ден се повторва по телевизии Јас сум, Јас не сум, Ти си, ама тој не е, ние сме, вие не сте... туку, то граѓаните засега на Скопје имат можност секој ден да го читат по билборди.

Ако добиете позитивна оценка на тестот, тогаш комотно можите да се пријавите како волонтер да читате партиски говор, ама како независен пензионер кој живеј од пензијата и дошол да го прочита говорот, само да си се провери до кај стигнал со учење, а не дека му дале хонорар или не дај боже, дека се борчлии оти синот или ќерката се новопечена администрација! Ова шо сеа го кажав нека ве охрабри да ги видите позитивните страни и во моментите ко ви иди да избегате на пуст остров од то шо на секој чекор некој се нешто ве гњави. Сослушајте, можда има нешто интересно да ве подучи! :)

 

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________