Почетна --> Архива --> 269 --> КОНГРЕСИ
КОНГРЕСИ
Автор: Симе Алушевски   

ВМРО-ДПМНЕ одржа конгрес во Битола. Сметајќи се себе си за наследник на историското ТМОРО, велат дека тоа бил 14 по ред. Конгресот би и помина, ама кога ќе се сетам дека пред 21 година СКЈ го држеше исто така 14-от (и последен) конгрес... не знам што да кажам. Тогаш работата се растури откако Циле Тупурковски ја кажа онаа сега веќе историска реченица за непринципиелната коалција. Овојпат кај ДПМНЕ-то немаше непринципиелни коалиции, зашто се додека е на власт, сите молат и не растурваат коалиција со нив, колку и да не е принципиелна! Во моментот кога власта ќе почне да им бега од раце, слушам дека повеќемина веќе имаат уплатено во Мали огласи, само чекаат време кога да се објави: Го молам чесниот наоѓач да ми ја врати книшката, изгубена меѓу два конгреси.

Хронологијата на конгресите на ВМРО вели дека во Битолско се одржал уште еден ваков конгрес, оној, Смилевскиот, од мај 1903. Тогаш, делегатите гласаа за востание. Подоцна се покажа дека тоа е предвремено и затоа заврши неуспешно, барем од воен аспект гледано. На Битолскиов конгрес пак, денешниве конгресмени бичим, се определија за предвремени избори. Брррр... ми е страв да продолжам со споредбите...

А бе, се што е врзано со зборот конгрес, не ме бендисува - Санстефански, Берлински... Затоа ќе се префрлам кај другиот табор, оној душманскиот на ВЕМЕРЕТО.

Кај нив пак, вечерта спроти 14 ВМРО-вски конгрес, во Комитето се избираа делегати за престојниот конгрес на СДСМ. И, наспроти очекувањата дека состанокот ќе биде инспиративен и ќе го крене паднатиот дух на СДСМ-овците, се поминало за бедни 15 минути, како лисицата со опашката. Причина за ваквото експресно одвивање на состанокот била што другарот дојден од централата, Гордан Георгиев, немал време.  Другаров требало да замине на прослава, на Влашка вечер. Случајно? Мореее, којзнае каква принципиелна коалиција крои фругаров од високите ешалони на ЕСДЕЕСЕТО.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________