Почетна --> Архива --> 270 --> КОНТРА ХОЛИВУД... ВО ХОЛИВУДСКИ СТИЛ
КОНТРА ХОЛИВУД... ВО ХОЛИВУДСКИ СТИЛ
Автор: Марјан Вучковиќ   

Една важна информација за љубителите и фанојте на турските сери(и) е дека тие во себе кријат многу јака порака, а воедно и промовират патријархално-ориентални манири како контра-удар на расипничката холивудска продукција.

Али Риза, шо во превод значи корен (во случајов на фамилијата Текиновци), не случајно го добил името за улогата. Игра улога на темел на фамилијата која се бори со неморал и забегва по западните патишта:

Швалери, арамилук,

душманлук. Арно ама, каква случајност! Али Риза да ти се викал и таткото на Кемал, ама Ататурк, а не Кемал со виолината.

Врти сучи, турската филмска продукција си крој планој како да влијај врз мозоците на жителството турско. Ама и врз Македончината кој шо некогаш биле дел од империјата, а богами имат многу контакти со тамошната бизнис-политичка клапа, тргнувајки од Хеди на Рамковци кој шо си го тера бизнисо, дури нашиве го барат под дрво и под камен (демек).

Значи, се урива монополо на холивудската пропагандна машинерија, ама она шо вервам дека добар дел од вас го забележале, во овие серииве кои се реваншират со Западо, е дека ја применват истата метода како Западо.

А бе, сто и кусуро епизоди чоек ќе изгледа, ама нигде нема да види беда и сиромаштија! Канцеларите на бизнисмените се само дрворези или екстра футуризам, шо чини госпо-исав! Сите фирми која од која појаќи, која од која канцелариве поубај! Кај нас

Државнио врв

работи во беда.. ако споредваме со сериве. Од друга страна, бившава империја сеј страв и трепет со Полат, шо изрешета се живо, абе Чак Норис втор дел. Мислиш овие - втора свецка сила!

Добро, убо е чоек да си прај реклама самио кога никој друг не го фали. Барем малку од малку ќе го смени мислењето за себе си.

А ние? Е, ние де-жа-ву, прочитана приказна. Рекламите на СиЕнЕн од шо се средени и самите не мојме да си поверваме, а не па другиве да ни верват дека нудиме такоф раскош на пет квадрати земја, за која на избориве (ако ги има) ќе се испотепат и очи ќе си изват еден куп политичарчина. Ко после дождо шо никнуват печурки, кај нас пред избори изникнуват партии. Па да се некој партии, да не ти е мака, туку

Све бучкуруш

а за да го сватиш то, не мора да ојш подалеку, доста е да го изанализираш името на партијата. То го има само кај нас: Десна демократија, македонско обединување на истите тие шо се пукаја, па имаш да си ојш Дом-а, а ако немаш дома имаш Демокрацко сојузвање. А зборо сојуз е тежок социјализам... пошо модерниве времиња пропагират алијанса, коалиција, партнерство, се освен Сојуз како онај на Русите од на времето.

Се на се и шуто и рогато има шо да кажи на камера, ама за оние шо стварно сакат нешто да кажат, е за нив нема место на тв-екраните, оти на тие шо му е полна глата, празен му е џепо, а на другиве обратно ќе да е.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________