Почетна --> Архива --> 272 --> ЛЕВА РАКА, ДЕСЕН ЏЕБ
ЛЕВА РАКА, ДЕСЕН ЏЕБ
Автор: ЕГО Редакција   

Посебено биле ценети оние со вештини за качување по олуци и покриви. Нивни пандани кај нас би биле „актерите“ викани Чесмено, Овчаро и Кокошо, а на залезот на кариерата биле коњокрадците. Кај нас пак, таквите исчезнаа дури во 1992 год. со монетарното осамостојување, односно со исфрлањето од употреба на банкнотата од 100 динари.

Во Ростов оперирале неколку банди, а најмоќни биле Бандата на Паско Фараонот, па Степските ѓаволи, Црни маски, Бел и Лекари. Исто ко кај нас!

Времето и околностите влијаеле на појавата на банди кои имале политички цели. Таква банда била Сојузот на советските хулигани, а од оваа саглам дружина ни малку не се разликувала збирштината на Мише Интелектуалецот кој бил многу поетска душа, пишувал поезија и како добро едуциран библиотекар (веројатно виш), бил идеалист и револуционер.

Едно време кражбите се намалиле бидејќи повеќе немало што да се краде. Некако ми мириса дека и кај нас наближува таков период!

Веднаш по Сашо Македонецот, втор многу познат платен руски убиец бил Владимир Кривулин викан Човекојадец. За него точно се знае дека пратил во вечните ловишта најмалку петмина московски бизнисмени, а е убиен од свој колега. Во почетокот на 20 век градовите во Русија биле средини на сиромашниот лумпенпролетеријат што резултирало со пораст на бандитизмот. Присутни во руската криминална галерија биле и со ситни кривични дела и прекршоците и со организиран криминал. Проституцијата за пет години бележела драстичен пораст од 6.000 на 50.000 регистрирани курви. Во оваа бројка влегувале вистинските ороспии, додека политичките биле фазла.

Криминалците биле организирани во цехови по професионална ориентација. Со цеховите шефувале старешини кои ги нарекувале атамани. Цеховите се делеле на помали бандитски групи кои делувале според пирамидален систем со врховен водач, слично на американскиот систем со капо ди тути капи на чело.

Најмалиот, најштетен и

Најопасен цех биле извршителите

на разбојнички кражби. Карактеристично за него било што припадниците на оваа збирштина користеле фински нож наместо огнено оружје. Најслични на наведениве од нашето подрачје би биле лицата кои се одзвиваат на прекарите Прасето, Чкембо, Чомбе и Бимбо.

Најбројниот цех бил на профи-арамиите. Тука, како елитни единици се сметале ограбувачите на сефови, кои користеле посебен алат за отворање. Посебена група биле ограбувачите кои оперирале по железничките и автобуските станици, продавниците, станови и хотели на територија на цехот, од кои (како каскадери) биле ценети оние кои поседувале вештини за качување по олуци и покриви. Нивни пандани кај нас би биле „актерите“ викани Чесмено, Овчаро и Кокошо.

На залезот на кариерата биле коњокрадците. Кај нас таквите исчезнаа во 1992 год. со монетарното осамостојување односно со исфрлањето од употреба на банкнотата од 100 динари позната како „чрвена“ со насликан коњ на предната страна. Значајно место во бандитската хиерархија заземале џепарошите. Кај овие имало и подгрупа, во зависност од тоа дали прво го сечеле џебот за да ги мафнат парите и да го земат ќесето, или да ги мафнат парите и ќесето незабележливо да го вратат во џебот на жртвата. За нив дури биле организирани „ноќни занаетчиски семинари“, арно ама за посетеноста на семинарот не добивале сертификати. Едни од најнадарените домородни

Битолски џепароши

биле Бекташо и Забо.

Опстојувале и егзотични арамии кои ги краделе жртвите откако претходно со посебни средства ги успивале. Овие работеле во комбинација со проститутките. Такви од Битолава на времето да ти биле тандемите Ѓизмо - Шушурка и Вештеро во комбинација со Мачето.

Посебна организирана група ја сочинувале скитниците и просјаците, а претпоследна во табелата значајна руска група криминалци биле измамниците. Кај измамниците како најталентирани се сметале оние кои биле во можност да фалсификуваат државни обврзници и хартии од вредност. Измамите биле најчесто манифестирани со продавање на лажни драгоцени предмети, а во мода биле тнр брачни измами, кои се состоеле во склучување на брак, ограбување и заминување во џенем. За да посочи човек вакви во Битола му треба еден топ хартија... за пишување де, не од вредност.

Последниот цех не толку броен. Го сочинувале фалсификаторите за кои е интересно дека својата „чесна работа“ најмногу ја вршеле по манастирите каде имале инсталирано и печатници чиј краен производ бил од многу висок квалитет.

Бројноста и разновидноста на криминалот во Русија претпоставувал и изградба на живеалишта за бандитите во форма на зандани. Е мои битолчани, дури и во Русија граделе затвори во тоа време, а кај нас се чека да дојде „ферман од султанот“ за да се реновираат постојните зандани кои датираат од времето на Турската империја. Во руските затвори

Корисниците на затворски услуги

се делеле на: Ивани - крупни бандити осудени за тешки кривични дела со насилни средства. Тие биле авторитети и по затворите, како што биле и во подземјето; Коцоши - коцкари кои по затворите се држеле оддвоено и не се дружеле со останатата затворска популација; Хркачи - интриганти и сплеткароши кои биле етаблирани затворски кодоши; И најголемата затворска категорија Гола вода - ситни и млади криминални прекршители.

По октомвриската револуција 1917 год. во Русија се случува експлозија на кривични дела од од сите сорти. Новата власт пуштила на слобода огромен број осудени лица, така што тие одма се вратиле на стариот занает. Во тоа време е урнат правниот систем на царска Русија, па немало кој да суди и првите години по Револуцијата поминуваат во безвластие. За илустрација, бројот на кривични дела трикратно се кренал.

По Револуцијата зборот криминал се заменува со терминот бандитизам. Најпозната била Александровата банда чиј шеф бил Мишка Панич. Оваа група припаѓала на

Арамиската аристократија

и приоритетно се занимавала со обивање на сефови во Петровград. Бандата паднала ќорка поради направените лајненици... точно така - извршиле голема нужда во објект што го ограбиле и преку „Громус мердеа“ (лајното како доказ) биле испоапсени.

Во овој период по Раволуцијата со најмногу извршени бандитски работи за пет години постоење била Бандата Воробјев која броела 170 членови. Во Ростов оперирале неколку банди, а најмоќни биле Бандата на Паско Фараонот, па Степските ѓаволи, Црни маски, Бел и Лекари. Најповеќе банди егзистирале во Москва каде покрај стандардните бандитски формации се појавиле и семејни банди слични на оние во Сицилија и Калабрија од кои е најпозната Бандата на браќата Лопухин. Делувале и банди кои имале колективно претседателство од кои најпозната била Бандата на Црните гаврани.

Времето и околностите влијаеле на појавата на банди кои имале политички цели. (Од овие ни е преку глава). Таква банда била Сојузот на советските хулигани, а од оваа саглам дружина ни малку не се разликувала збирштината на Мише Интелектуалецот. (Не дојдовме до податок за некаква идеолошка близина со онаа наша наивна, бичим како чесна сестра политичка партија со слоган „Ни змија, ни магаре“). Овој бандит се самопрогласил за идеолошки непријател бр. 1 на буржоазијата и како таков извршил 78 убиства, се разбира - за да ги ограби. Бил многу поетска душа, пишувал поезија и како

Добро едуциран библиотекар

бил категоризиран како идеалист и револуционер. Познат бил по изреката „Само мртов буржуј е добар скот”.

Повеќето од бандитете во тоа време се собирале околу една личност. Таков бил бандитскиот водач Јаков Кузњецов кој лично успеал да го опљачка Ленин, не оној Ленин Јовановски, моторџијата, туку вистинскиот  Владимир Илич – Ленин! Наводно Ленин имал среќа што не дал отпор. Инаку, ако се спротиставел, се претпоставува дека одма ќе бил кртнат. По оваа авантура Кузњецов бил фатен од новоформираната Чека и сместа стрелан. Ами како!

Еден од ретките храбри и дрски криминалци во постреволуционерниот период бил Николај Сафронов. Тој, завалијата, кога бил опколуван од полицијата вадел кашикара и се заканувал дека ќе ја активира. Во текот на еден ден неговата банда убила 16 џандари.

“Бандата на шоферите” ја сочинувале професинални возачи вработени во државните руски институции. Водач на оваа глутница бил Бучко таксистот... извинете, Владимир Иванов – возач (штом е Владимир, мора да е шофер, како нашиот Владо Черноземски), на партиски функционер. Неговата банда кружела со возилата низ Москва и грабнувала жени и девојки кои подоцна ги силувале во Подмосковјето.

Најсурова банда од тој период била бандата на Васили Котов. Имала извршено повеќе масовни убиства неплашејќи се ни од случајните минувачи како можни сведоци. Толку многу вознемиреност оваа банда внела меѓу граѓаните, што тие се организирале да кренат бунт, бидејќи власта не можела да ги заштити. Еден од оваа банда, Лењка Памтелкин, предизвикал толку голем страв кај населението што кога полицијата конечно го ликвидирала, неговото тело го изложила на московскиот плоштад за да се уверат граѓаните дека е мртов, ама вистински мртов! Оваа банда била оргиналана во нивните операции, така што дури и ги предупредувала жртвите оставајќи им пораки на вратите “До 10 саатот бундата е ваша, по 10 е наша”. Жртви на оваа банда биле богаташи од редовите на

Новокомпонираната буржоазија

Сиромашните ги поштедувале не затоа што сакале да се прикажат како дружината на Робин Худ, туку поради тоа што немале што да им земат. Биле толку дрски што културно и се претставувале на секоја жртва, така што секогаш се знаело дека тие го извршиле конкретното недело. За 4 месеци бандата на Котов извршила 15 вооружени и 20 обични кражби убивајќи 10 луѓе. Полицајците кои на крај успеале да ги опколат, ни на крај памет не им паѓало да ги фатат живи, туку веднаш ги ликвидирале.

Вистина, во Русија тоа биле лудите години. Бандите си земале необични имиња како “Смрт – 9”, “Раце на ѕид”, “Живи мртовци”... но интересно е дека кражбите се намалиле бидејќи едно време немало што да се краде. (Некако ми мириса дека и кај нас наближува таков период). Во вакви оклности оперативците на Чека имале овласување на лице место да му пресудат на затекнатите при извршувањето на кривични дела. Се случувало да се изрекуваат смртни казни и да се реализираат истите над луѓе без да се наведат нивните генералии, на пр. Слободан Милошевич се осудува на смрт заедно со 15 соучесници...

Карактеристика на овие банди била дека сепак негувале некаква своја традиција, имале добро разработени канали за продажба на крадената стока како и интерни правила на однесување. Подоцна, кај новото руско подземје тоа не е случај. Тие почнуваат од почеток и бидејќи меѓу нив има од повисоките социјални слоеви со солидно образование постепено се формираат нови мафијашки кодекси на новите руски банди... не море!

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________