Почетна --> Архива --> 272 --> КОЈ МАВА ПО ГАДАФИ?
КОЈ МАВА ПО ГАДАФИ?
Автор: ЕГО Редакција   

Франција, Велика Британија и САД врз основа на поранешните партнерски и стратешки договори и врз основа на споменатиот, привилегиран статус и улога, излегува дека самите себе си дозволиле да преземат воена интервенција спрема Либија со тн. коалициони, а не НАТО сили.

Откако започна воената интервенција врз Либија и режимот на Моамер ел Гадафи, јавноста е збунета заради рашомонијадата предизвикана од разните термини што се вртат низ медиумите. Јас засега не познавам ниту еден кој може децидно да каже кој всуШност, официјално, војува во Либија?

Америка?

Франција?

Велика Британија?

НАТО?

Тоа не го знаат ни глобалните медиумски сервиси кои еднаш напаѓачите ги квалификуваат како “коалиција”, другпат како “сојузници”, трет пат како “здружени сили во заедничка сојузничка мисија за воена интервенција над Либија...”. По толку дена војна, деновиве беше лифераувана веста дека ... “се очекува вклучување и на силите на НАТО и преземање на командата...”

Што се подразбира под “коалициони” или “сојузнички сили”? Кој ги составува? Дали се тие дел од системот на НАТО? Во што е разликата меѓу “коалиционите сили на САД, Франција, Велика Британија” и воените сили на НАТО?

Прашањата секако дека се реторички, зашто вистински одговор - нема! Кој војува во Либија? Згора над се, Обама, Саркози, американските генерали и тн. зборуваат за “воена мисија”, а не за “воена интервенција”. Зошто е тоа така?

Според основата врз која е изграден, НАТО-сојузот е систем за колективна безбедност на земјите-членки. Тој е политичко-безбедносен и одбранбено-воен сојуз на сите земји-членки каде секоја земја има право на глас и рамноправно учествува во одлучувањето. Со влегувањето во НАТО, секоја земја го интегрира својот реформиран одбранбен систем во колективниот систем. Во НАТО нема држава-членка со одделни, само за себе, воени сили и безбедносни потенцијали и други за учество во Алијансата. Интеграцијата во НАТО подразбира дека националниот воено-безбедносен систем целосно се вклопува, без можност дел од национално-државниот систем да остане само за “внатрешна употреба”.

Ако е така, зошто тогаш денес се пласира таква медиумска непрецизност за воената интервенција (мисија) во Либија?

Општопознато е дека волјата на САД, како глобална сила, во најголема мерка е доминантна во системот на НАТО. Одредени држави, како  Велика Британија, Канада, нешто помалку Франција, имаат делумно привилегиран статус во НАТО, како второстепени во системот на одлучување. Третиот (непривилегиран) степен на решавање го чинат гласовите на останатите земји-членки на НАТО, особено при проблеми од глобално и регионално значење, при прашањата за војна и мир, воено интервенирање, мировни мисии и сл.

Франција, Велика Британија и САД врз основа на поранешните партнерски и стратешки договори и врз основа на споменатиот, привилегиран статус и улога, излегува дека самите себе си дозволиле да преземат воена интервенција спрема Либија со тн. коалициони, а не НАТО сили.

Уште еднаш се потврди основното правило дека внатре во НАТО системот на решавање (Парламентарно собрание, Комитет на министри за надворешни работи, Комитет на министри за одбрана, Комитет на началници на генералштабови и други постојани и привремени тела) горенаведените држави немаат никаква одговорност кон НАТО-системот и дека тој е само параван за остварување на нивните глобални, регионални, политички, економски, воени и безбедносни интереси.

Голем парадокс беше најавата дека кон коалициските сили ќе се вклучат и контингенти од Белгија, иако се знае дека оваа држава една година нема влада, ниту има индиции дека наскоро ќе ја формира и згора над се, има многу сложен парламентарен систем на одлучување. Како може една држава која нема ефективна влада  со уставни ингеренции (туку само техничка и тоа со поминат мандат), да решава за употреба на воените сили и тоа против други држави и на друг континент? Наспроти тоа, белгиските војски се приклучија кон коалиционите сили на првиот пролетен ден.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________