Почетна --> Архива --> 272 --> УСПЕШНА ДЕЛОВНА ГОДИНА СО РЕКОРДНИ РЕЗУЛТАТИ
УСПЕШНА ДЕЛОВНА ГОДИНА СО РЕКОРДНИ РЕЗУЛТАТИ
Автор: ЕГО Редакција   

Лани се произведени се околу 90 тони риби, што е двојно повеќе од порано, а  продажбата е зголемена за околу 70%.

Во план е изградба на постројки за замрзнување и сушење риби и  изградба на уште една хидроелектрана, која ќе ги користи испусните води за одржување на еколошкиот минимуим.

Двојно поголеми количества риби се произведени минатата сезона во рибниците на ЈП “Стрежево”. Кога кон ова ќе се додаде дека и производството на електрична енергија бележи рекордно ниво, единствениот заклучок што се наметнува е дека ова претпријатие оствари успешна деловна година.

- Произведени се околу 90 тони риби, што е двојно повеќе од порано, а  продажбата е зголемена за околу 70% во однос на претходните години. Ова е овозможено заради

Инвестицијата во нови капацитети

нови седум кади за одгледување на подмладокот. За оваа година стартуваме со 450.000 личенки изведени од икра во нашите товилишта. Од овој турнус очекуваме околу 100 тони риби. Првите за продажба би стасале кон септември годинава. Новина оваа година ќе биде тоа што сакаме да вложиме во постројки за замрзнување на риби и за нивно сушење. Исто така, планираме натамошен развој во овој правец со воведување на други видови риби, односно одгледување и на лосос освен на калифорниската пастрмка, со што ќе бидеме прв ваков капацитет во нашата држава, вели директорот на ова јавно претпријатие, Љупчо Бошевски.

Добри резултати се бележат и во поглед на наплатата за испорачаната техничка вода за индустријата, водата за наводнување на земјоделски површини и за ЈП “Водовод” Битола. Во споредба со 2008,

Наплатата е зголемена

за 100%, вели Бошевски. Покрај тоа, поголема е и заинтересираноста на земјоделците за снабдување со вода од хидросистемот “Стрежево”. Бошевски тоа го толкува со политиките кои владата ги спроведува за поттикнување и развој на земјоделието и големите субвенции што се даваат за таа намена.

Заради исклучително поволната хидролошка состојба, минатата година турбините на електричните централи инсталирани под браната на хидромелиорацијата “Стрежево” постигнаа своевидни рекорди. Во

Развојните планови

на претпријатието, вели Бошевски, е изградба на уште една хидроелектрана, која ќе ги користи испусните води од таканаречениот еколошки минимуим. Таа централа ќе има помала моќност, но со оглед на тоа што во овој испуст има постојано вода заради обезбедување на биолошкиот минимум во течението на Шемница, инвестицијата ќе биде исплатлива.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________