Почетна --> Архива --> 272 --> ПРОИЗВОДСТВО НА ЕКО-СТРУЈА
ПРОИЗВОДСТВО НА ЕКО-СТРУЈА
Автор: ЕГО Редакција   

Хидроцентрала со јачина од 360 киловати во сопственост на ЈКП „Водовод“, лоцирана кај тн. Стара филтерница, минатата недела беше свечено пуштена во употреба. Во новата постројка и во уште неколку други зафати во водоснабдителниот систем на Битола, ова претпријатие вложи скоро 500.000 евра. Мини-хидроцентралата е изградена со финансиски средства исклучиво на јавното претпријатие, а хидроцентралата ќе произведува електрична енергија која ќе ја продава на МЕПСО.

Градбата

започна во октомври 2009 година, а веќе во есента 2010 година таа заврши и се монтираше опремата.

- Инсталираната моќност на хидроцентралата е 360 кw, меѓутоа позитивно е тоа што е приклучена на водоводниот систем, па ќе работи нон-стоп цела година, 24 часа, со варијации на нејзината јачина во зависност од количината  на водата која константно се пушта во водоводниот систем на Битола. Парите се обезбедени комплетно од Водовод од продажба на акциите кои ги имавме кај некои претпријатија. Целокупната сума за инвестицијата е околу 30 милиони денари, при тоа не само за хидроцентралата туку и за некои придружни елементи корисни за потребите на водовдниот систем, вели Зоран Илиоски директор на ЈКП Водовод.

Очекуваните приходи

во касата во моментов се проектирани на близу 100.000 евра годишно.

Хидроцентралата го користи постоечкиот водоводен систем на претпријатието и висинската разлика во него, а откако електричната енергија е произведена, водата во исправна и питка состојба повторно се употребува во водоводната мрежа. Според првиот човек на Водовод, пред три недели беше обезбедена документацијата со која претпријатието и официјално стана производител на електрична енергија, а дополнително се очекува и потврдата за производство на струја од

Обновливи извори

која на пазарот вреди повеќе и се добиваат субвенции.

Градоначалникот на Општина Битола ја поздрави иницијативата на Водовод да се инвестира во производство на еко - електрична енергија. Оваа инвестиција ја оправдува постапката и на Советот на Општина Битола, кој во Водовод не гледаше само јавно претпријатие во тешка финансиска состојба, туку капацитет со визија за иднината. Пред една година на ова место почнавме да вложуваме во изградбата на оваа хидроцентрала, а денес тој проект е завршен, рече градоначалникот Владимир Талески.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________