Почетна --> Архива --> 273 --> СКАПОЦЕНАТА РЕЛИКВИЈА
СКАПОЦЕНАТА РЕЛИКВИЈА
Автор: ЕГО Редакција   

Света Елена Светиот крст го однесла во Константинопол, од каде подоцна патријархот Кирил Ерусалимски делел стотици парчиња од него за да го чуваат и закрепуваат темелот на христијанските храмови и вера.

Парчиња од Животворното дрво Господово се чуваат во црквата "Успение на Света Богородица" во Штип, манастирот "Св. Богородица Пречиста, Кичевско, манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица, Дебарско.

Според Светото предание на православната црква, Вистинскиот крст бил направен од три различни вида дрво кедар, бор и киприс.

Светиот крст или Вистинскиот крст се нарекува крстот на кој, според христијанското верување, се смета дека бил распнат Исус Христос. По распространувањето на христијанството како доминантна религија во тогаш познатиот цивилизиран свет, тој станува скапоцена реликвија. Се вели дека едно такво мало парче се чува во црквата "Успение на Света Богородица" во Штип, во реонот Ново Село. Тука стигнал заради обичајот мали парченца од овој крст да се даваат како реликвии во поголемите регионални цркви. На таков начин вакво парче добила и црквата во Штип, која долго време во минатото била најголема активна црква во овој дел на Македонија. Подоцна, таквата практика престанала, а за парчето во штипската црква, освен предание, попрецизни податоци нема.

За парчиња од животворното дрво Господово, кои се чуваат во Македонија, сведочи и рускиот епископ Порфириј Успенски, кој во средината на 19 век престојувал во Света Гора. Тој пишува дека во манастирот "Дохијар" му биле покажани три крста (два сребрени и еден златен), во кои имало вметнато парчиња од животворното дрво Господово.

Во темелите

на манастирот "Св. Богородица Пречиста", исто така, се вели, дека има дел од крстот на кој бил распнат Исус Христос. Оттука, велат, извира големата популарност на црквата кај верниците; Оттука е и долговечноста на старата градба; И затоа изворот во внатрешнста на црквата е со лековита вода од која спасение наоѓале многу паталци од разни болести и проблеми.

Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица, Дебарско. Како тие дошле тука во Македонија?

За ова повеќе ни кажуваат повелбите, кои спрема православниот обичај се ставале во "скомастик" - вид шише во кое се става напишан и заверен документ, повелба во која е стои запс за тоа во чие владеење се подига храмот и со кои свети мошти, или други православни реликти. А такви морало да се ставаат за храмот да е со век и слава, што посвети тоа и повечни.

Пронаоѓањето

и разделувањето на Чесниот крст се случило во времето на царот Константин и неговата мајка Елена. Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот крст. Според него, света Елена (250-330), тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Во Светата земја таа основала многу цркви и здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, Евреите не го кажувале каде е крстот, но преку еден старец, со притисок, Елена успеала да ја извлече информацијата за вистинската локација. Така било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно ридот Голгота. Таму навистина ги нашле трите крста – едниот на кој бил распнат Исус и двата на кои биле распнати двајцата разбојници. А, кој е вистинскиот, набргу се дознало. Имено, Елена и придружбата ги распоредиле трите крста пред некоја поворка со покојник. Минувајќи ги двата крста не се случило ништо, но кога поворката минувала крај третиот крст, се случило чудо. Тој оживел, што било јасен знак за сите присутни, дека е тоа навистина Чесниот крст.

Има и едно друго, поинакво, но во суштина исто предание за оваа случка. Имено, кога гробницата која долго време била чувана во тајност, била откопана, трите крста биле најдени многу блиску до самиот гроб на Спасителот. Сите присутни знаеле дека еден од трите крста е на Исус Христос, а другите два на двајца крадци. Меѓутоа, во тој момент тие не можеле да проценат кој од тие три крста е оној на кој бил распнат Исус Христос. Тогашниот управител Макариус Ерусалимски прашањето го решил по следниот начин. Тој донел некоја жена која била многу болна и и наредила да ги допре секој од крстовите. Кога го допрела Вистинскиот крст, жената наеднаш била излечена

По ова Елена го однесла во Константинопол, во престолнината на империјата, од каде подоцна патријархот Кирил Ерусалимски како најголеми световни реликвии

Разделувал стотици парчиња

од него за да го чуваат и закрепуваат темелот на христијанските храмови и вера. Така и се случило дел од нив дојдат и во Македонија, како што сведочат повелбите за споменатите три манастири.

Во денешно време, многу цркви притежуваат фрегменти, по кои тврдат дека поседуваат делови од Вистинскиот крст, но неговото откривање до ден денеска сепак е под знак прашање. Најгласни се Римокатоличката црква и Православната црква со нивните различни тези и убедувања. Сепак, овие две црква, заедно со Англиканската црква ја чествуваат света Елена заради откривањето на Крстот и ја сметаат за светец.

Во латинските говорни традиции на Западна Европа, историјата на ранохристијанското потекло на Вистинскиот крст била разработена пред се во 13 век, односно 1260 година и тоа во книгата на Јакоб де Ворагин, епископ на Џенова, насловена како

Златната легенда

Легендата гласи дека дрвениот материјал од Вистинскиот крст дошла од Дрвото на животот, кое се наоѓало во градината на Рајот. Пред Адам да почине, тој му наредил на неговиот син Сет да отиде кај Архангел Михаил да го замоли да му даде семе од Дрвото на животот. Кога тој починал, семето му било ставено во неговата уста и така тој бил погребан заедно со него. Семето пораснало во дрво. По долги години и векови, дрвото било исечено и дрвениот материјал бил искористен за изградба на мост преку кој подоцна поминала и кралицата од Саба, доаѓајќи кај царот Соломон. Поминувајќи преку мостот, таа таму паднала на колена, поклонувајќи му се. На Соломон му рекла дека парчето дрво од мостот ќе довело до замена на Божјиот завет со еврејскиот народ, создавајќи нов ред. По дури четиринаесет колена, истиот дрвен материјал бил исечен од истиот мост, за од него да биде направен крст на кој бил распнат Исус Христос.

Кон крајот на средниот век и раната ренесанса, се создало единствено општествено прифаќање околу потеклото на Вистинскиот крст и неговата историја, со распнувањето. Таа општа теорија била прифатена и поддржана од страна на многу учени, оддавајќи голема важност на една од најпознатите фрески од времето на ренесансата „Легендата на Вистинскиот крст" од Пиеро де ла Франческа, насликата по ѕидовите на црквата “Сан Франческо“ во Азена во периодот од 1452 до 1466 година, во кој тој точно ја опишал традиционалната историја на Вистинскиот крст, според Златната легенда.

Според Светото предание на православната црква, Вистинскиот крст бил направен од три

Различни вида дрво

кедар, бор и киприс. Тоа доаѓа од пишувањето според Исаја 60:13: "Славата на Либан ќе дојде кај вас, киприс, бор и кедар, ќе дојде да го просвети местото на моето Сетилиште, а јас ќе го направам местото на нозете Ми славно". Врската помеѓу овој стих и Распнувањето се крие во зборовите “на местото на нозите Ми" кое се толкува како местото на кој биле заковани нозете на Исус Христос.

Евсевиј Кесариски во неговата книга "Животот на Константин", за местото на Светиот гроб вели дека таму претходно имало објект посветен на римската божица Венера. Се смета дека дел од тој комплекс бил изграден од страна на римскиот император Адријан по првата еврејско-римска војна од 135 година. По примање на христијанството, од страна на римскиот цар Константин Велики било стариот храм бил урнат и изградено ново христијанско светилиште. Во оваа книга, Евсевиј Кесариски сепак не го опишува точно пронаоѓањето на Вистинскиот Крст.

Еден напис пронајден во Тикстер, Мавританија,  кажува дека поголемиот дел од многуте реликти на Вистинскиот крст во Европа биле пренесени од Константинопол откако градот бил освоен и ограбен во текот на четвртиот крстоносен поход: "По освојувањето на градот Константинопол било пронајдено огромно количество богатство, проследено со скапоценети камени и дел од Светиот господов крст, којшто света Елена ги пренесела од Ерусалим и истите биле украсени со злато и скапоценети накити. Во градот реликтите биле пречекани со големи пречести. Тие таму биле изгравирани од страна на тамошните бискупи и биле поделени со останатите ценети реликти помеѓу рицарите; покасно, кога таа се вратила во роднината, истите биле донирани на црквите и манастирите“.

Хроничарот Робер од Клариј пишува: "Во оваа капела се пронајдени многу драгоценети реликти, а два од нив биле дебели како човечка нога во должина". Всушност, до крајот на Средниот век многу цркви претендирале дека поседуваат дел од Вистинскиот крст. Според Џон Калвин, постоеле толку многу дрва, доволно да се наполни еден брод: "Не постои опатија која не поседува еден примерок. Во некои места постојат многу фрагменти, како во „Светата капела“ во Париз. Накратко, ако сите делови се соберат заедно, ќе може да се изгради голем брод".

Рохаулт де Флеур во 19 век создал

Каталог

од сите попознати реликти на Вистинскиот крст, покажувајќи дека и покрај тоа што го тврдат многуте автори дека би можело да се соберат сите фрагменти, сепак нема да може да се собере ни една третина од крстот, кој би требало да биде три или четири метра висок, а другото дрво два метри широко. Според него Крстот би требало да биде од бор (врз осносва на неговите микроскопски анализи на фрагментите), со тежина од околу седумдесет и пет килограми... Четири испитувани честици од крстот (од вкупно десет) се со документни докази од страна на византиските императори, од европските цркви, односно тие се наоѓаат во црквата „Санта Кроче“ во Рим, „Богородичната црква“ во Париз, „Пиза деи Миракови“ во Пиза, црквата „Санта Марија дел Фиоре“ во Фиренца.

Герасимос Смирнакис споменува дека најголемиот зачуван дел од 870760 кубни милиметри се чува во манастирот Кутлумуш на планината Атон, 537587 кубни милиметри во Рим, во Брисел 516090, 445582 во Венецијија, во Гент 436.450 и 237.731 во Париз.

Управата на црквата „Санто Торибио де Лебана“ во Шпанија се изјасни дека поседува едно од најголемите реликвиски парчиња. Сепак, можно е да многу од постоечките реликви од Вистинскиот крст да се фалсификат, создадени од трговци во средниот век. Етиопската православна црква исто така тврди дека поседува вистински реликви закопан во манастирот „Гишен Мариам“

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________