Почетна --> Архива --> 273 --> БАРАМЕ МЕГДАН СО ИДЕИ
БАРАМЕ МЕГДАН СО ИДЕИ
Автор: ЕГО Редакција   

Акции за секој граѓанин од делот на државниот капитал со кој државата лошо управува, како на пр. во Телеком и Јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Според проценките, се работи за 300-400 евра во акции за секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.

Седиштето на ЕЛЕМ и на Агецијата за иселеништво да бидат преместени во Битола.

Либерално-демократската партија во неделата во Битола ја промовираше својата изборна програма „Има излез“. Најавија дека очекуваат избор на десет пратеници од редовите на ЛДП во идниот состав на Собранието на Република Македонија, потенцијал без кој не ќе може да се формира идната влада. Претседателот Јован Манасиевски изјави дека посакува кампања без навреди и ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на мегдан со идеи.

- Сериозно се подготувуваме за престојните избори. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште немаат програма, односно ВМРО ДПМНЕ сега собира идеи на оглас, а СДСМ тоа ќе го направеле на крајот од месецот. Тоа е несериозно, тоа е играње со народот и ќе биде казнето. На овие избори гласачите ќе ги казнат двете доминантни опции, истакна лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски.

Тој истакна дека најголемите партии се уште не се изјасниле за предлозите на ЛДП за влада со 12 министри, за парламент со помалку пратеници и потврди дека е потребен референдум  за името на државата.

- Очекувам овие денови силна реакција од ММФ и притисок врз Владата за најавата за трошење на позајмените 220 милиони евра, а што се однесува до името на државата, мислам дека владата има одговорност да најде компромисно решение, кое потоа ќе го даде на одобрување кај граѓаните, односно на референдумско изјаснување. Ова прашање не е лесно и не смее да биде централна тема во изборната кампања, посочи Манасиевски.

Во нивната изборна програма „Има излез“, ЛДП заговара поделба на акции за секој граѓанин од делот на државниот капитал со кој државата лошо управува, како на пример државните акции во Телеком и Јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Според нивните проценки, се работи за 300-400 евра во акции за секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Исто така, побараа седиштето на ЕЛЕМ и на Агецијата за иселеништво да бидат преместени во Битола.

За разлика од профилот на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кој се оцртува преку нивниот начин на обраќање кон јавноста, едните со подигнат прст, другите со тупаница, Манасиевски рече дека ЛДП настапува со широко отворени раце, добронамерно и мирољубиво.

На средбата со битолчани претседателот на локалниот огранок на ЛДП, Валентин Груевски, ја критикуваше локалната власт заради спорото одвивање на некои проекти, како на пр. изградбата на булеварскиот влез, фрлените и неефектурирани пари за топлификација, платениот, но непоставен споменик на Филип Втори и тн.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________