Почетна --> Архива --> 273 --> ГРЕШНИ МИСЛИ
ГРЕШНИ МИСЛИ
Автор: Симе Алушевски   

1. За изборите... пак. Не знам дали заради Велигденскиве пости, ама политичарине од власта ми личат на некои новомаченици. Нешто ко модерни Исуси. Демек, од раат-пораат, од убоо-поубо, ама пак се жртвуваат и сами се ставаат на крст. Одат на предвремени избори... за арното на народот, вклучително и на опозоцијата.

Тоа ти се вели рисјани!

Е сеа, како ќе поминат?

Дали по изборното распнување ќе воскреснат?

Ќе видиме. Се е можно... ако еднаш такво чудо се случило, зошто не уште еднаш?

 

2. Туку, ај да ја прекинам оваа распродажба на грешни мисли. За таа цел ќе ви го прераскажам откровението што ми го дошепна еден мој пријател кој во средно беше од оние, одличните... инаку, сега е без работа. Ми кажува тој како настанале тајкуните. Вели, сретнал еден наш  школски од редот на тикварите, сегашен тајкун. Глеај сеа, му вели тајкунов на одличниот, јас купвам штрафој за еден денар, ги продавам за четири и од тие 2% заработка, одлично живеам!

На одличниов тогаш му станало јасно дека модерниве тајкуни се создадоа затоа што никој не сметал на оние што не знаеја да сметаат!

 

3. Кога ќе подразмислам... ај поарно да си се вратам на изборите. Од претходнава тема ми се снеарни некако...

Арно ама, и изборите се и процент и математика. На интернет најдов еден многу интересен есап, врзан со татковците на тикварите во средно, кои им помагале при решавање на задачи. Едно од решенијата на сложена математичка загатка е вакво: Ако од еден автобус со пет луѓе внатре, на станицата слезат седуммина, на следната станица треба да влезат уште двајца, за да биде автобусот празен!

 

4. Аааа, кај лежел зајакот! Кога на денешниве политичари ќе им се спомене нешто негативно, таа работа ја гледаат како празен автобус... и затоа нема кого да гонат, ни од сопствените, ни од редовите на опозицијата.

 

 

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________