Почетна --> Архива --> 277 --> Емоционална зависност
Емоционална зависност
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   

Една од најчестите заблуди во однос на љубовта е нејзиното поистоветување со зависноста. До таа заблуда се доаѓа затоа што зависноста е сила која ги тера луѓето жестоко да се врзуваат меѓу себе, но тоа силно чувство е потреба за

Љубов, а не љубов

Зависноста од други е природна ако си дете, очекувана ако си болен и неизбежна за сите оние кои изворот на лична сила, сигурност или дури и смисолот на животот го бараат во нешто надвор од себе.

Што лежи во основата на емоционалната зависност и како може да се надмине? Емоционалната зависност ја одбележува верувањето дека личната сигурност, или чувството на вредност, бара нечија присутност во нашиот живот. Себе си се доживуваме недоволно способни, компетентни, вредни и неадекватни. Свесно или несвесно, нашите животни избори се сведуваат на личности кои ќе бидат продолжена рака на нашите родители, кои можат да ни пружат чувство на сигурност и стабилност, во кои имаме доверба и кои се спремни да бидат со нас и да ни пружат поддршка и помош, да донесуваат одлуки и да ги реализираат во наше име.

Зависнички однос

е заснован на обрасци на однесување на пасивност и заштита и подразбира игнорирање и гушење на потребите на едната страна во корист на задоволување на потребите на другата. Зависноста е можна во сите односи- семејни, професионални, пријателски, како и во романтични и емоционални. На психолошки план зависните личности се сколни кон негирање на проблемите, ниска самопочит, преголема контрола на другите, или пак претерана послушност, удоволување како и некритично уважување на туѓото мислење. Профилот на личности со нагласена зависност е таков да избегнуваат да преземат одговорност за своите постапки, склони се кон самосожалување и обвинување на другите за своите постапки - накратко, немаат вештини за остварување на зрел и исполнувачки однос на долги патеки. Во желбата другата личност да го направи за нив она за што сметаат дека не можат или не се осмелуваат, спремни се да манипулираат со другите користејќи се со рафинирани уцени, критизирање, повлекување, напади, вреѓање, ладно игнорирање, а во одредени случаи и со болест. Заедничко за сите видови на односи на зависност е што се засновани на интеракција меѓу доминантна и пасивна личност која ја карактеризира емоционално, психичко а неретко и физичко злоставување кое преќутно се толерира од двете страни.

Потребно е да се напомене дека во секој емотивен однос може да се сретне нитка која потсетува на

Симбиотска зависност

Всушност во секој од нас постои подличноста на мало дете кое сака да е пазено, заштитено и помагано од личноста која ни е драга. Но како зрели личности ние ја имаме под контрола таа подличност свесни дека нејзината доминација значи губење на личната слобода и автентичност. Кога таа потреба е доминантна, го диктира животниот стил и изборот на партнер и доведува до проблематични емоционални врски.

Како да се детектира состојбата на емоционалната врска во која се наоѓаме? Ако ја дефинираме партнерската релација како однос во кој нашите потреби можат да бидат задоволени, кога другата страна престане да го пружа она што го очекуваме (било да е тоа сигурност, углед во јавноста, материјална безбедност…) раскинувањето брзо следи, со веројатност на скоро влегување во нов однос кој ќе ги задоволи нашите потреби. Во спротивно, може да дојде до депресија или болест како израз на несвесниот страв од иднината. Доколку се открие во себе изразена црта на зависничко однесување, неопходно е да се работи на нејзино надминување. Тоа се одвива преку личен раст и развој до емоционална зрелост. Процесот започнува со свесно признавање за состојбата на зависност од други, преку стекнување на лична независност, до спознавање на себе си како самостојна и кооперативна личност спремна на пружање и примање. Тоа е единствениот пат кој ќе не доведе до личната слобода, исполнетост и среќа.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________