Почетна --> Архива --> 277 --> АГЕНДАТА НА БИЛДЕРБЕРГ
АГЕНДАТА НА БИЛДЕРБЕРГ
Автор: А. Железни   

Намалување на населението е една од агендите кои им се препишуваат на билдерберзите. Инспирирани од идеите на Конти, Сарпи и Малтус и пред се на Венецијанското црно племство, Билдерберг групата наводно во 1974 год. го усвоила тнр. „Меморандум 200“ со кој е предвидено во периодот 1974-2050 год. да се намали светското население за 3 милијарди жители. Посебни мерки требало да се преземат спрема 13 држави од кои постојат најголеми закани заради стапката на наталитетот споредено со потенцијалите (природни и човечки). Тие држави се: Индија, Бангладеш, Пакистан, Индонезија, Тајланд, Филипини, Турција, Нигерија, Египет, Етиопија, Мексико, Колумбија и Бразил. Оперативниот документ бил потпишан од претседателот на САД, Ричард Никсон и Хенри Кисинџер во ноември 1975 година, со што добил официјалност како дел од стратегијата за надворешна политика на САД.

Во 2002 година на годишната средба на Билдерберг групата во Шантили, САД, била договорено да се започне со

Војната во Ирак

и во идниот период да започне зголемувањето на цената на нафтата од тогашните 18 долари по барел до 100 долари колку што требало да изнесува во 2007 година (што и се случи), цена која со извесни флуктации важи и денес.

Во 2005 година во Ротах Егерн, Германија била разгледувана цената на златото која што од 300 долари по унца требало да порасне на 1000 (и тоа се случи).

Во 2006 година на годишната средба во Отава, Канада, разговарано било за уривање на пазарот на недвижности во САД, Шпанија и неколку други држави, чин кој подоцна реално се случи и по кој многу семејства останаа со големи кредитни задолжувања за вредност која ја немаат.

Во 1996 година на годишната средба на Билдерберг групата во Торонто, Канада, било разговарано за

Прашањето на Косово

и за начинот на пружање на воена помош за остварување на негова независност, чин кој што се одигра во 1999 година како што добро паметат нашите читатели.

Сите овие предвидувања и остварувања (некако познато звучи) на Билдерберг групата се завиткани со огромна доза на мистерии, шпекулации и се предмет на интерес и на сериозни аналитичари , но и на параноици кои се сомневаат во се, па и во самите себе. Постојат одредени оправдувања за тајноста на агендите на годишните средби и размислувањата и дискусиите на без никаква доза на резерва кажано, најмоќните луѓе на светот. Какви импликации би имале јавно кажаните дискусии врз светските берзи и национални економии, како би реагирале масите во случај на појави на болести или слично? Но сепак, дали ваквиот начин на

Менаџирање на светот

не е мека примена на Орвеловата „1984“? Кога ќе видиме дека во играта се  вклучени еден куп крунисани глави, милијардери и врвни медиуми (не и „Его“, чесен пионерски збор), работата воопшто не е наивна. Според одредени групации кои се трудат да приберат што повеќе информации за агендите на годишните состаноци на Билдерберг групата (тука пред се мислам на виртуелните Метагрупс, (не)реалниот Даниел Естулин и еден куп други псевдоними кои се среќаваат низ интернет-сферата) на овогодишниот состанок во Сен Мориц, Швајцарија, дел од темите ќе бидат Бразил и неговата економска и монетарна политика (која патем речено е многу успешна), кризите во Евро-зоната (Грција, Ирска, Португалија и Шпанија) и Иран. Какви ставови ќе се обидат да изградат присутните, или, какви политики ќе треба да спроведуваат по добиените директиви што ги добиле на средбата, ќе пишуваме понатаму.

 

 

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________