Почетна --> Архива --> 277 --> СЛОБОДА... ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР
СЛОБОДА... ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР
Автор: Симе Алушевски   

Македонија се испотепа славејќи го Денот на Европа... иако и врапчињата знаат дека Европа без Македонија е како слепо црево без воспаление.

Го одбележа и Денот на победата, ама малку срамежливо, иако Македонија има право на copyright® на оружениот отпор против фашизмот. Колку за потсетување, партизанската група на Иван Козарев во пиринскиот дел на Македониjа ja изврши првата оружена антифашистичка акциjа - на Балканот! Само пет дена по Хитлеровиот напад на СССР, во јуни 1941 одредот на Козаров се судри со бугарските фашисти.

Новата Европа израсна врз победата над фашизмот, а Македонија сопствената улога во таа победа - самата ја минимизира.

Тоа ти е. Се тече, се се менува. Особено историските факти. Особено овде, на Балканот, кој е крстосница на светот... (можеби затоа има толку судири?)

Еден мој пријател вели дека во Европа ќе не примат во оној момент кога во аут ќе заминат сите оние што биле родени пред да умре Тито. Новите генерации кои размислуваат поинаку, кои не ги интересираат ни партизанските единци во Фуштани, на Лопушник, ни Февруарскиот поход, кои за КПМ мислат дека е кратенка од комунално претпријатие на Македонија - тие се ептен погодни како робје за новата Европа!

Ама, се плашам дека во таа ЕУ-топија нема одење на муабет в комшии кога ќе ти текне! Треба да се најавиш!

Во неа нема пиење кафе под лозница, туку во кафуле.

Во ЕУ нема заеднички ручек дома, зашто секој јаде кај ќе стигне и кога ќе има време.

Во ЕУ нема чамче-муабети, туку ни пари, ни стари.

Таму важи: Брат за брат, сирење за шопска!

Кај да е, уште некоја година и 9 Мај ќе се слави само како Ден на Европа, Денот на победата ќе потоне во заборав, а ние оооооп! - во Европа!

Смрт на фашизмот,

Слобода - Пелистер 1:0

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________