Почетна --> Архива --> 277 --> РУСИЈА ПАМЕТИ!
РУСИЈА ПАМЕТИ!
Автор: ЕГО Редакција   

150 Годишнината на руската дипломатија во Битола беше пригодно одбележана во Почесниот руски конзулат минатиот четврток. Во присуство на рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак, градоначалникот на Битола, Владимир Талески и лица од јавниот живот, во Конзулатот беше поместена изложба од руските архиви и дел од преписката на осумте конзули кои во Битола работеле од средината на 19 до почетокот на 20 век.

- Во изложбата се поместени

Преписките на конзулите

во кои се наоѓаат нивните белешки за состојбите во регионот и положбата на обесправеното христијанско население, потоа извештаи и списоци кои ги доставувале во матичната земја и сл. На оваа тема е издадена брошура во чија подготовка помогнаа неколкумина академици, изјави почесниот конзул на Руската федерација во Битола, Даринка Крстанова.

За длабоките врски меѓу Русија и Македонија и низ историјата и во денешно време особено на културен и на економски план, говореше амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Олег Шчербак.

- Точно пред 150 години во Битола беше отворен првиот Руски императорски конзулат во регионот. Тоа се случи токму на Велигден. По овој повод организираме изложба со вредни документи од Архивот на Министерството за надворешни работи на Руската федерација кои сведочат за историските врски меѓу Македонија. Преку документите се потврдуваат нашите длабоку врски низ историјата, нашата силна поврзаност.

Односите меѓу Русија и Македонија

секогаш ќе бидат добри и цврсти, а заедничката соработка ќе биде тесна и во иднина, порача амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Олег Шчербак.

На гостите и посетителите при почетокот на манифестацијата им беше доделена “Георгиевска лента”.

- Од 2005 година Руската Федерација доделува “Георгиевска лента”, симбол-двоцвет на свети Ѓорѓи Победоносец, кој прв пат бил доделен во 1769 година. Мотото на ова воено одликување е “Јас паметам, јас се гордеам. Победата на мојот дедо е и наша победа”. Оваа лента се доделува во 30 држави во светот и досега се поделени повеќе од 45 милиони ленти, истакна почесниот конзул Крстанова.

Делегација предводена од рускиот амабсадор положи свежо цвеќе пред Рускиот крст, местото во чија блзина во 1903 беше убиен рускиот конзул Ростковски.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________