Почетна --> Архива --> 279 --> Изборна па(т)рола
Изборна па(т)рола
Автор: Марјан Вучковиќ   

А бе, почна кампањата за избориве, ама „правилата“ на игра не се менаја. Искрено кажано, и ногу очеквано беше дека „ќе ја прајме ѓупската“, ама па дотолку! - никогаш не било! На времето Љубче со паќети масло и вреќи брашно на Бајро продаваше муда за бубрези (со опроштење на израз), а грацките мажишта си пукаја сеир на туѓа сметка. Ама вара-тера, дојде време да не напрат

Од таквоо подолни

па сеа делат пакетчина кафе, демек нека срка народо топла вода. А бе, да си пукниш од мака, не за друго туку Циганите на шутка по полојна прасе чапат од камиончиња... си држат стандард љуѓето!

Држ не дај, во Битола се виде кој ги држи конците - спопашка се шо не играше по гајдата на шерифо. Еми, Грујо ДА имаше време да се бачка со секој посебно, немаше да биди то шо е.

Другиве пак, овие со кафинава, е тие НЕ се лижат, тие се пучат кај пашата нивен.

А тој, е тој си го дуздиса муабето. Ја исцица партијата до даска, па сеа пред избори оти немаја пари ни за кафе, зедоја кредит. А ЗА кредито треба хипотека. И би хипотека. Е, се убо, не шармираја оти сите сме во кал до гуша со кредити, па еве и тие зедоја кредит. Арно ама, тој кредито да ти бил од неговио џеб! Да бе, лично негови (ако се лажиме), пари на пашата. Значи, ЗА кредитот се работи, ЗА кредитот шо ние ќе го враќаме (ако победат) значи гласај ЗА нашиот кредит.

Од убо - поубо!

Е, ама - ИМА ИЗЛЕЗ. Така вељат оние шо си клават куршуми по колите, демек некој ги плашел. А бе ако сме прос народ, не пијаме мастило! Уше вода од чешма си сркаме, оти за друго пари многу многу неаме. Во заклучена кола некој подметнал куршум во вратата внатре. Е па, излез има, ни змија да те касни ни магаре да ти го ... Е де, така вељат браќава. Ама не било ни така, оти изгледа и змија ќе ги касни и магаре ќе ги натр..тиит, а и куршумо си го примија.

Туку браќа и сестри, брат Љубе е тука. По белосветските затвори чоеко од шо немаше шо да прај читаше книги за политика, и видиш! - и тој стигна да се качи на бина и да проповеда, дека доста беше од машни, та  дојде време со модерни

Шарпи околу гуша

да се проповеда за слобода или смрт. А шарпата не е само декор на Љубе. Се пази од промаја, незнај чоеко како е на бина ветер да те шиба.

А има уше еден Љубе, овој... Љубче де. Тој е тука за да победи. Од шо е тука, онај другио имењако мој до збор немој да дој, оти почеснио си се натокми во Битола да лапни мандат. А дека имењако е ќефој ко ќе дојди до збор, то се гледа на прес-конференциите, оти се истренира ко портпарол да изиграва, ама ако битно тука е за да победи.

Горе долу така се движат работиве, ДА или НЕ!?

Одлучете сами!

 

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________