Почетна --> Архива --> 279 --> ХРАМОТ НА СЛОБОДАТА
ХРАМОТ НА СЛОБОДАТА
Автор: ЕГО Редакција   

Во тајното светилиште се посветиле само вистинските владетели на светот, Александар Македонски и Цезар!

Кое светилиште ние ќе го пронајдеме ние, кои сме водени од страста и парите и таа погрешна насока на движење ја доживуваме како ослободување?

Партизаните се горе -долу уште живи и имаат сериозна намера да излезат на престојните вонредни парламентарни избори и да гласаат.

Што сорта египетски свештенички ред ќе беше тоа штом дошол овде да го бара светилиштето на Змејот?

Пред многу години египетски свештенички ред дошол по долината на реката Струма, Пиринска Македонија, бидејќи верувале дека таму е светата земја во чии планини се наоѓа светилиште посветено на Змејот. Таму дошле во времето кога исчезнала најголемата тајна на Египет, кога престанале да се градат пирамидите, кога владатели биле фараони, ама непосветени во мистериите. Откако, нивното значење во Египет се намалило, тие решиле да ја возобноват тајната. Се обиделе да ги разберат и да ги следат знаците испишани во карпите од древните мудри и дошле, таму, во срцето на Македонија, каде што најмногу има такви цртежи. Се населиле во високите делови по долината на реката Струма и од тука, подоцна, се рашириле по целиот Балкан. Никогаш не биле победени од ниеден владател. Имале

Светилиште

на Родопите и во некое друго место во Егејска Македонија кое било поврзано со богот Дионис, но вистинската локација на нивното најголемо светилиште се уште не е пронајдена. Во нивното тајно светилиште подоцна се посветиле само вистинските владетели на светот, Александар Македонски и подоцна Цезар!

Е, тоа ми ти било од дамнина. И покрај многуте обиди, мистериозното светилиште не е пронајдено... ни во новава ни ера, иако голем мерак ги има фатено некои од нашите политички лидери - да го откријат тоа чудо и да се просветлат во него... ама никако да им тргне од рака! Како што протекува по некоја информација од одредени моќни центри, се копало и барало насекаде. Дури и од пиле млеко се нашло, арно ама од светилиштето - ни трага! Се обиделе и ангажирање на робовска работна рака и со слободни ѕид... пардон, копачи, питоми и диви...

Навистина, новиов век не успеа да изгради свој

Концепт за слободата на човекот, или пак така ми се чини? Современиот човек нема јасна дефиниција за својата слобода и покрај многуте револуции и откритија во новиот век. Поимот на слободата падна од висините на духот, под власта на човековата злоба и бунтовна природа.

Е, браќа битолчани ем мили битолчанки, кое светилиште ние ќе го пронајдеме кога сме водени од страста и парите и таа погрешна насока на движење ја доживуваме како ослободување? Зарем ние ќе си ја бараме загубената слобода во расправа со натемаго на тема „слобода“?

Е сеа, да бидам малку поедноставен, попрактичен, демек народски кажано, да се произнесам партизански. Партизански, ами како, оти партизаните се горе -долу уште живи и имаат сериозна намера да излезат на престојните вонредни парламентарни избори... и не само да излезат, туку и да гласаат?

За кого? За змијата, или магарето? За слобода или смрт? За диктаторче или клатиглавче? За УЧК или Рамковниот? За партизанските комити или повампирените балисти од првата година на новиот милениум? За следбениците на Васил Главинов или за новокомпонираните Бугари?

Е, што е многу, многу е, дури и

За партизаните

Па шашарма умот им е направен и верувам дека и самите се прашуваат за што се бореле... и против кого!

Хм... дали има уште некој кој верува дека ќе влеземе... пардон, ќе не внесат во НАТО и ЕУ без да го направиме тоа компромисот со оние... како ги викаме... што се борчлии ко грчка? (Има, има - забел. уред.)

Хм..  дали има уште некој на кого не му е разбистрено во умот дека само една политичка македонска опција нема такви бубрези за да го направи тоа... разумниот компромис?

Во ваква состојба не спасува само коалициона влада составена од сите топтан релевантни полититички субјекти, ем рисјански, ем арнаутски, за да кинисаме од ова дереџе. Ако ова ние не го напрајме, сосила ќе ни го направат. Само ми е мака што на тоа не се сетивме од поодамна, па сега ќе си бевме троа пораат. Е браќа, ем сестри, покрај сила нема правдина!

Штом се

Чактисавме

по партизански (белким имаме нешто друго како излезна опција) сега полесно ќе ни биде да го најдеме мистериозното светилиште таму некаде по течението на Струма. Само со таков колективен зафат би ја решиле 48-постотната невработеност, катастрофалниот животен стандард, 100-постотната државна и индивидуална задолженост и... се бре, се! После тоа ни останува групно да ја кидниме од државава, оти нели, кога ќе нагрнат тоа странските инвестиции, безмалку ќе не снајде Потопот. Кога ќе дојдат тие, нека ги следат знаците испишани на македонските карпи,  бидејќи кај нас, се разбира, има најмногу такви цртежи.

На крај по сите овие сказанија и преданија, се прашувам што египетски свештенички ред ќе беше тоа штом  овде дошол да ја бара светата земја во која се наоѓа светилиштето посветено на Змејот?

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________