Почетна --> Архива --> 279 --> АЗИЛАНТИ
АЗИЛАНТИ
Автор: Симе Алушевски   

1. Слободата на движење кај нас е законски загарантирана... ама - не е доволно безбедна. Е, затоа што имаме голема (и небезбедна) слобода на движење... сите си заминаа! Затоа што сите си заминаа, Европа ни се лути. Затоа што Европа ни се лути, власта најави казни за непослушните - демек, сите оние кои бараат азил во Европата, ќе бидат казнети!

Аман бе!?

 

2. Според Универзалната декларација за правата на човекот на ООН од декември 1948 секој има право на слобода на движење и избор на престојувалиште во границите на одделна држава; Секој има право да напушти која и да е земја, вклучувајки ја и својата, како и да се врати во својата земја; Секој прогонет има право да бара и да ужива азил во други земји. Слично се формулирани и одредбите за оваа материја во Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи од 1950 година: Секое лице е слободно да ја напушти која и да е земја вклучувајќи ја и својата...

 

3. Оттука, не знам со кое право власта најави дека „ќе презема мерки“ против оние што заминуваат од државава ни и бараат азил во странство. Чист апартхејд е најавената мерка дека на оние кои побарале азил (и се вратени), во пасошот ќе им ставаат некој посебен штембил. Нешто слично ко жолтата лента што ја носеа Евреите во времето на нацизмот.

 

4. Неколку стотици „азиланти“ само овој месец биле спречени да излезат од земјава поради тоа што немале докази за целта на патувањето, или документ дека се работи за туристичко патување. Се прашувам со кое право им бил оневозможен излез од земјата? Можеби некои од нив навистина биле потенцијални кандидати за добивање политички азил?

 

5. Туку, така ти е тоа, кога имаме сложена држава... и прости политичари.

Ако беше поинаку, ќе беа начисто дека македонските граѓани немаше да бараат азил ако имаа работа, егзистенција, каков-таков стандард.

Не изборните кампањи, туку несудените азиланти се јасен показател за тоа на какво дереџе се наоѓаме.

 

6. Туку, ако Европа ни го укине шенгенот, а меверето ни го укине правото да ја напуштаме државата... што ќе правиме?

Демократскава држава одамна ја укина и смртната казна... ни останува уште самоубиство!

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________