Почетна --> Архива --> 281 --> КОЈ „У СТВАРИ“ ПОБЕДИ?
КОЈ „У СТВАРИ“ ПОБЕДИ?
Автор: Марјан Вучковиќ   

Изборите поминаја сеа и влада ќе си состави ВМРО, арно ама побадата на овие избори е дискутабилна. Кој точно победи?

 

Позицијата изгуби добар дел од пратеничките места што ги имаше. Опозицијата во изборната трка, од пуста самоувереност изгуби, т.е. не успеа да добие мнозинство пратеници. Албанските партии, пак мизерно поминаја на изборите како казна за то шо ги вртат во круг нивните гласачи... не за друго, туку зато шо нема шо поќе да се исполни,  а тогаш нема потреба ни од партија.

 

Туку, математиката вика нешто друго. Од (сега веќе 123 пратеници), 2/3 се 82 пратеници. Е сега. 53+3 на ВМРО = 56, 15 на ДУИ, 2 на Руфи османи и 8 на ДПА - се на се ко ќе се прерачуна - то е 81! Ако треба да се носат закони со двотретинско, ќе мора да гласа и опозицијата, ама двотретинско треба и за да се менва Уставот, а Уставот се менва во случај да се менва името. Просто кажано, ако се менва името т.е.уставот, ќе гласат сите партии шо се во парламентот, а тие се претставници на целиот електорат. Плус, со излезност од 60 и кусуро посто, нема многу думање дали ќе треба референдум. Сигурно дека не, па нели, избориве беа референдум, ко шо кажваја на некои медиуми.

 

Вака или така, математиката си го прај своето. Како ќе ги проголтаме овие избори кој шо поминаја толку мирно, е знак прашање. Оти, кампањата ојде дотаму шо сите бевме спремни да гледаме крвопролевање по улици, ама за чудо досега ретко кога сме имале помирни избори.

 

Кузнај дали ногу арно е на арно? Ај баш да видиме.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________