Почетна --> Архива --> 283 --> ПРЕТРАГИ ВО МОНОДРАМСКИОТ ИЗРАЗ
ПРЕТРАГИ ВО МОНОДРАМСКИОТ ИЗРАЗ
Автор: Љубомир Груевски   

Ретроспектива: Фестивал на монодрама - Битола 2011

на по коешто овогодинешниот 13 Фестивал на монодрамата ќе се памети, секако е и по нужната промена на терминот на одржување но – и пред се, по враќањето на своите стандардно-рекордни пет дена на траење. Така во петте фестивалски денови беа прикажани дури 15 театарски монодрамски претстави (од вкупно 10 земји), од кои дури 12 од нив беа воврстени во натреварувачката конкуренција. Секако дека најмногубројни беа моноперформансите од земјата домаќин – Република Македонија, чијашто монодрамска театарска експресија, пред немногубројната, но верна фестивалска публика беше претставена со

Три проекти:

ТАА – моноперформансот на НУКЦ “Антон Панов“ од Струмица, на авторот Даниела Колева, во режија на Васил Михаил во изведба на актерката Оливера Аризанова, потоа ЧОВЕКОТ ОД СОБАТА 7 на Градски театар МКЦ Скопје - адаптација на Борче Гроздановски, а изведба на актерот Сашо Тасевски, како и документарната сценска мултимедијална игра по текстот на Петре Петрески ЈАС ИЛИЈА ДИМОСКИ - ШАТОРО – на Театарската работилница од Прилеп – актер и режисер Игор Трпче (проект на којшто веќе се осврнавме ).

Од Германија Театар Р. Буен ја донесе монодрамата ИСПОВЕД НА МАСКАТА – по текст на култниот Ј. Мишима, во режија на Ина Соколова-Гордон со извонредниот актер Андре Мошој; додека од соседна Албанија се играше класичниот текст на Чехов ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА со актерот И. Али и режија на Ј. Туше во продукција на театарот “Петро Марко“ од Валона. Од далечната Украина се претстави Театар Сузирја од Киев со МОМЕНТИ НА ЉУБОВ – по текст на Виниченко, со младиот актер Јевген Нишчук - режија на Тарас Жирко, додека пак од Хрватска, Егзит Театар од Загреб го играше познатиот КОНТРАБАС на уште попознатиот Патрик

Саскинд во бравурозен настап

и режија на актерот Рене Медвешек. За своето трето претставување во Битола маестралниот бугарски актер Николај Урумов го беше одбрал текстот на А. Урумов ЛАСИЦА во режија на Јуриј Дачев, како продукција на Драмскиот театар од Добрич. Како по некоја лоша традиција, од Босна и Херцеговина, од Нов Град, дојде најбледото претставување на Фестивалот со претставата-моноперформасот Е МОЈ ЌАНЕ, КОЈ СЕГА ЌЕ МЕ БИЕ со очигледно младата и неискусна актерка Весна Ѓуриќ, по текстот на С. Марчета и во режија Н. Богдановиќ. И БОГ ЈА СОЗДАДЕ ЖЕНАТА, беше моноперформансот од пантомима на актерот и режисер Ана Власов, овогодинешниот претставник од Израел. Од блиското Косово по третпат на фестивалот можеше да се проследи длабоко обмислената монодрама МОЈОТ МАЛЕЧОК ОФИЦЕР на познатиот театарски уметник и педагог Ментор Зумберај и неговиот Акт театар од Приштина.

Како последен моноперформанс на Фестивалот, го проследивме кусото, статично и лапидарно сценско претставување на гостите од Англија – на актерот Питер Тејт и режисерот Сондра Ли, на текстот на П. Ефтимиоу ЧУДНИОТ ЧОВЕК ОДИ.

Инаку свеченото затворање на фестивалот не се случи со во програмата најавената претстава Крпен живот (според С. Попов и режија на В. Цветановски) туку со/кај публиката – извонредно примената да ја наречеме така

Ретро-комедија

(заради праизведбата од пред три децении на некогашните Ју-простори) Мангите пијат чај во извонредната режија на Коле Ангеловски и вдахновената игра на членовите на прилепскиот театарски ансамбл.

Треба секако да се спомене дека Фестивалот пет дена пред овој убав крај – отпочна со камерната црнохуморна сценска продукција на Драмски театар и СУБ продукција од Скопје, според текстот на Венко Андоновски - Олово на перница и во режија на Димче Николовски.

Да го споменеме и тоа дека на Фестивалот, како необичност и новина, за првпат беше изведен и моноперформанс за деца со еколошка тематика, по текст на Трајче Кацаров и во сценско авторство на Страшко Милошевски.

И на крајот, нешто како заклучок – резиме: зад нас остана уште едно фестивалско издание кое осведочи натамошен подем и на самиот фестивал и на самиот монодрамски израз – како најмала театарска форма, која очигледно не престанува да е голем творечки предизвик на драмските уметници од светот, но евидентно и за творците и театарски ентузијасти и професионалци од земјата-домаќин, Република Македонија, и градот-домаќин, Битола. Оттаму, се чини дека петточленото жири во состав: Бранко Ѓорчев, актер и професор како претседател (Македонија), Нина Мазур театролог (Украина), Скандарбек Тулпаров актер и режисер (Дагестан), Дејан Пројковски режисер (Македонија) и Невена Митева, режисер од Бугарија беше исправено пред недвосмислено тешка и одговорна задача - што се покажа и со самиот чин на доделување на наградите и издојување на најдобрите од мошне добрите сценски резултати , како и доделување нови и вонредни признанија.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________