Почетна --> Архива --> 283 --> МЕНДО МЕЧКАТА ВО МИСИЈА ЗА „СПАС“ НА МАКЕДОНИЈА
МЕНДО МЕЧКАТА ВО МИСИЈА ЗА „СПАС“ НА МАКЕДОНИЈА
Автор: Спектатор   

Операцијата за отстранување на југословенското влијание во мајка Македонија од страна на бугарската ДБ започнува со врбувањето на Методија Димов - Мечката, кој во архивите бил заведен под агентурниот пседоним „Комитата“.

Актуелниот бугарски претседател Георги Прванов, ангажиран од бугарското културно-историско разузнавање под псевдонимот „Гоце“, зема учество во втората фаза од операцијата „Комита“ како рецезент и консултант за публикување на мемоарската книга на М. Димов, „Габерот“.

Поаѓајќи од расположивите кодошки информации дека во тогашна СР Македонија е претерано зголемено југословенското влијание врз македонското население, а „заради негова заштита и зачувување на бугарскиот карактер“, во 1984 година бугарската Државна безбедност отвори оперативна акција под псевдонимот „Комита“. Акцијата ја водел Првиот оддел (културно-историско разузнавање) при бугарската ДБ, под целосна инструктажа и координација на разузнавачот Пламен Благоев. Во тоа време Благоев бил

Млад шпионски кадар

со завршена Разузнавачка академија на КГБ во поранешниот СССР. Роден е 1952 година во Софија каде дипломирал историја на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Долги години работел во бугарското внатрешно-полититчко разузнавање и МВР и важел за експерт за ширењето и зачувувањето на бугарската културна политика зад граница. Автор е на три книги за бугарските тајни служби. 

Дали е коинциденција, случајност, или не, ама исто така во таа далечна 1952 година во Битола е роден еден квази-доктор по медицина кој многу добро се познава со разузнавачот Благоев, со неговиот колега Велизар Енчев и другите етаблирани пакосници против Македонија - Красимир Каракачанов и Божидар Димитров, додека гревчињата македоно-бугарски, Методија Димов - Мечката и Алексо Стојменов му се естетска декорација и куќни пријатели. Овој нашиов, „докторо“ демек, во шпионскиот еснаф го викале вонземјанин, односно лице за кое не се знаело од каде доаѓа, колку ќе остане и каква му е мисијата!

Нејсе. Операцијата за отстранување на југословенското влијание во мајка Македонија од страна на бугарската ДБ започнува со

Врбувањето

на Методија Димов кој во архивите бил заведен под агентурниот псевдоним „Комитата“. Со него разузнавачот Благоев се запознал во `80-те години од минатиот век, а целта била со негова помош да се даде отпор кон „силната југословенска кампања за тнр. македонско прашање“ кое што истиснувало се што е бугарско сврзано со Македонија. (Од вакви душегрижници дојдовме на вакво дереџе). Во тоа време Мечката да ти бил еден од најблиските во опкружувањето на Ванчо Михајлов и еден од најзагреаните застапници на бугарската кауза во Македонија. Димов уште во првата средба со Благоев знаел за што се работи и прифатил соработка со бугарската ДБ, а псевдонимот „Комитата“ му бил даден онака, само за конспиративна естетика. (Оваа врбовка на Мендета би можела да се спореди со радоста на некој буљаш кога ќе му се изрече затворска казна при што во ниеден случај не може да му зарѓа ауспухот).

Методија Димов е роден 1938 година во Битола, а во 1955 поради приврзаноста кон Ванчо Михалов заминува преку грчкиот бегалски логор „Лаврион“, во Брисел, Белгија. Таму е еден од основачите на Македоно-бугарското друштво „Тодор Александров“ и посредник за контакти на ова весело друштво со „Македонската патриотска организација“ во САД и Канада. Подоцна, по налог на Ванчета, заминува за Шпанија каде води емисијата за Македонија на „Радио Мадрид“, на битолски дијалект. Во шпанската престолнина Мечката живее кај роднини на усташот Анте Павелиќ. По враќањето во Белгија се занимава со антимакедонски марифети така што во Рпубликава, за прв се враќа по нејзиното осамостојување, демек - на раат.

Во Битола доаѓа во 1994 година кога на клоци е протеран од самостојна и независна Република Македонија од Дирекцијата за безбедност и контрараразузнавање. Автор е на антимакедонските да речам памфлети „Габерот“, „Глас на вистината“, „Крвава луна“ и „Завет за Илинден“. Ако сакате да ги прочитате и да добиете стомачни тегоби, еве се расфрлаат тука низ просториите на „Его“, ги оставил некој непрокопсан. Почина на 04.08.2004 година во Дупница, Пиринска Македонија.

Значи, по формалното врбување на „Комитата“

Операцијата „Комита“

на бугарското разузнавање стартува со акцијата за спасување на архивите на легендарниот бугараш Ванчо Михајлов. Овде лоцирам разузнавачки натпревар помеѓу бугарското и тогашното југословенско разузнавање за обезбедување на оваа архива, што завршува со извесна мала ескиважа на бугарската ДБ и објавување на спомените на Вачо Михајлов во Канада со помош на МПО- „Вардар“ на контраверзните тнр. македонски бугари, браќата Ѓорги и Пандо Младенови.

Е сеа, актуелниот бугарски претседател Георги Прванов ангажиран од бугарското културно-историско разузнавање под псевдонимот „Гоце“ зема учество во втората фаза од операцијата „Комита“ како рецезент и консултант за публикување на мемоарската книга на М. Димов „Габерот“. Иако Прванов учествувал со оваа помош на бугарската ДБ, сепак, рецензијата на книгата „Габерот“ ја има напишано германскиот професор по историја Стефан Требст. Во неа, колку да не ви биде шубе, Мечката раскажува за бугарското население во Битола и насилствата што ги вршеле „српските“ тајни служби во СРМ низ животниот пат на неговиот дедо Тодор Кочов Димов-Габерот. Како консултант за објавување на книгата Прванов бил препорачан од професорите на катедрата по „Балканистика“ во Софија како „перспективен и сериозно учен човек“. Во тоа време, според разузнавачот Благоев, историчарот Прванов бил толку дрзок што официјално се произнесувал дека Македонците се Бугари. Од тие негови ставови страв имале неговите колеги кои во тоа време ги знаеле промакедонските позиции на „великиот Советски Сојуз“

За времетраењето на операцијата „Комита“ разузнавачот Благоев е пратен на тајна работа во Англија, а операцијата продолжува да ја води разузнавачкиот офицер Цветко Цветков, кој во натамошниот период на врска го држел „Гоце“. Во изготвувањето на книгата „Габерот“, Цветков соработувал и со Мечката, односно, бидејки истиот ослабнал со видот и не можел да пишува, бугарската ДБ му обезбедила диктафон и тој катаден записите ги носел во зградата на ДБ. Тука записите ги земал Георги Седефчов

Прванов алијас кодош „Гоце“

и ги прегледувал историските факти, правел белешки за содржината на книгата од кодошот Методија Димов, алијас „Комитата“ со кого имале чести средби, а станале и прилично блиски. Според Димов, „Гоце“ бил толку многу воодушевен од архивските материјали, што по цели денови не излегувал од кабинетот! Една иста лента ја преслушувал од утро до вечер, па дури заборавал и да јаде! (Излегувал море... излегувал, ама во паузите да му купи банички на Мечката кога ќе огладнела за да не го јади него!)

Тука - една мала дигресија: Кога на 19.06.2004 година во посета на Битола дојде Гоце Делчев... се извинувам, кодошот „Гоце“, како претседател на Р. Бугарија, кодошот „Комитата“ се уште беше жив. Горам од љубопитност да дошикам што му кажа „Гоце“ на „Комитатата“ за тоа какви бугарски происходи сретна во Битолава ни!

Арно ама, содружништвото меѓу двајцата пријатели (а душмани на земјава ни), е прекратено во 1990 година кога е укинато бугарското културно-историско разузнавање и е укината операцијата „Комита“. Според разузнавачката фела во Бугарија учеството на „Гоце“ во операцијата „Комита“ било периферно и тие во овие моменти ја проценуваат хајката спрема него како политичка, односно, Прванов немало основи да се лустрира според постојните бугарски прописи. Па сепак, човекот е претседател на Бугарија и ако го лустрираат, тоа и за Бугарија ќе биде многу. Но 36-те страници од

Досието „Гоце“

останува во мистериозните папки на бугарската ДБ. Во нив стои, дека за Прванов од страна на ДБ, се вршени проверки дали за него постојат компромитирачки информации кои го прават неподобен за тајна работа. По извршените проверки добиени биле позитивни податоци за него во целост, по што бугарската ДБ го есапела за нивни човек.

Во врска со Методија Димов, бугарските разузнавачки ветерани бараат од претседателот „Гоце“ Мечката посмртно да биде одликуван со Орден за заслуги за народ. Но „Гоце“ се уплашил... да не го загуби гласачкиот електорат!

Ееее, што параспурии белосветски шетале по Битолава ни и што патрдии ми ти правеле!? Замислете ги овие битанги, засилени со дипломатската логистика на Илијан Караманов и Наум Кајчев... и после бараме македонска нација! Каква нација какви црни камења... може само Швајцарија на Балканот, по нивниот акл.

Повод за пишување на текстов ми даде неодамнешната изјава на „Гоце“, дека ако во спорот со хелините сме го добиеле името Северина... пардон, северна, на пиринските Македонци ќе им се снеарнело, односно тоа значело територијални претензии спрема Бугарија. Браво бре „Гоце“, ќерата еден! Туку, да не пишувам повеќе да не дојдат заптии да ми стават чифт белегзии на раце.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________