Почетна --> Архива --> 283 --> ЗГОРА МАЗНО, ЗДОЛА АЗНО
ЗГОРА МАЗНО, ЗДОЛА АЗНО
Автор: Марјан Вучковиќ   

Ако денот по утрото се познава, тогаш работата на новиот собраниски состав според првата седница се познава!

Пост-изборната атмосфера и еуфоријата, иако според очекувањата треба(ше) да опаѓаат, напротив - никако да стивнат. Прв видлив доказ за тоа е изборната честитка што (старо)новите пратеници ја добија од страна на младите кои протестираа пред Собрание. Во нормални услови, протести за ваква работа би траеле два-три дена, не за друго, ами оти случајот би бил решен по брза постапка. Од друга страна пак, сепак, до некаде случајот зазеде судски тек, така што потребата од протести е излишна.

Пак ќе речам, во нормални услови младите би биле вработени и својот вишок на енергија би го трошеле на работа, а не со перверзни протести и црни вреќи на глава.

Ваквите догодивштини кажуваат дека сиво-црните сценарија се повеќе одат по планот. Интересно е што на протестите се појавија и пароли на албански јазик, иако албанскиот блок нема ама баш никава поврзаност со настанов. Можеби се гради каква-таква граѓанска свест? Во секој случај, тоа е доказ плус - дека маката (безработицата и вишокот на негативна енергија) ги соединува луѓето.

 

Со изборот на старо-нов спикер, владеачката клапа сака да покаже дека работите многу-многу нема да се сменат и дека сепак тие се апсолутни победници на изборите. Арно ама, математиката го кажува спротивното. Одржувањето на свечена седница во нормални услови трае, според нормален протокол, од 60 до 120 минути. Оваа сега, богами, беше маратонска, токму заради тоа што опозицијата е прилично бројна, па сите побараа збор... за критика, нормално. Значи работите од старт не се мазни како што некој сака да ги претстави.

 

За жал, некои политичари никако учат од сопствените грешки. Наместо на првата седница да ги издржат толку мачните (дури осум!) саати работа (што кога ќе размислам е стандардно работно време за сите нас), без срам ја летнаа по дома, во истиот момент уште ко им ги верификуваа мандатот.

 

Кај да е, ќе се формира владата. Додека македонските медиуми абер немаа кој кое министерство ќе лапне, албанските медиуми од прва си го кажаа своето. И, види богати! - точно прогнозираа. Кај нив нема мазно, ни под разно!

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________