Почетна --> Архива --> 284 --> Ах, таа завист
Ах, таа завист
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   

Секој од нас се нашол во ситуација да посакува нешто што му припаѓа на друг, било да се работи за материјални постигнувања, висок статус, привлечен изглед или духовна хармонија и среќа. Ако сакаме да ја именуваме оваа емоција и покрај големиот отпор и негирање ќе мора да признаеме дека станува збор за завист. Зависта е непријатна емоција насочена кон личност кај која забележуваме дека поседува нешто што ние го немаме, а за што копнееме. Таа вклучува чувство дека сме неправедно оштетени и дека би било праведно да го поседуваме она што го поседува личноста на која и завидуваме. Личноста кон која чувствуваме завист ги преокупира нашите мисли, чувства и фантазии, таа е важна личност во нашиот живот. Се манифестира различно од благо незадоволство до отворена вербална агресија насочена кон другите луѓе. Оваа емоција е општествено непожелна и затоа најчесто се се прикрива зависно од вештината на искажување, канализирање и контролирање на емоционалните реакции.

Искажувањето на завидливоста

иницирано е пред се од воспитувањето, како и влијанието на авторитетите и вредносниот систем на средината. Воспитувани сме така што од зависта се срамиме и не ја покажуваме, па кога се појави се трудиме да ја негираме и потисниме. Но и толку страшна емоција како што е зависта има своја добра страна. Потребно е да сфатиме дека зависта е сосема природна и корисна емоција, зашто ни укажува што е она што ни недостасува во животот. Потребно е да ја прифатиме зависта секогаш кога се појави во нас и наместо да негираме, да се осудуваме или да се срамиме од тоа, да ја искористиме како показател кој ќе не насочи да откриеме за што копнееме. Ако се бидеме да најдеме одговор зошто се појавила таа емоција, тоа ќе биде почеток во самоспознавањето за тоа кои наши потреби не се задоволени.

Значи, секогаш кога се појави во нас зависта имаме два избори, да се насочиме кон себе си, или кон оној што ни ја побудил. Првиот избор води до самоспознавање и саморазвој, а вториот до деструктивност. Доколку се оттргне од свесноста, зависта може да стане голем животен проблем. Кога еднаш ја проголтаме, зависта добива

Горчлив вкус и разорна моќ

Потиснатата завист води до несвесност и осуда што е извор на страдање за себе и за другите. Кога се насочиме кон другите како причинители за нашата непријатност, зависта станува еден од најжестоките емоционални отрови. Тој гризе и уништува внатре во самата личност и надвор кон објектот кој ја предизвикува. Најбрз, иако најнеконструктивен начин за ослободување и растеретување од непријатноста е да се уништи или дискредитира она што ни ја побудило таа непријатност. Затоа длабоко потиснатата завидливост е покренувач на негативни постапки чија цел е уништување на она што го има другата личност, а што ние го немаме или во крајна линија, наштетување на личноста која го има она што ние го немаме. Ова е случај кај екстремно потисната завист. Таа се појавува во многу нијанси, може да биде и помалку сериозна, како на пример осамена девојка која и завидува на пријателката на среќната врска или бенигна, како на пример тинејџер кој завидува на другарот за новиот мобилен.

Факт е дека сите понекогаш се наоѓаме затечени со сопствената неможност да учевствуваме во задоволството на други. Колку во себе носиме повеќе потисната завист, тоа сме помалку во можност да примиме љубов, зашто длабоко во себе се чувствуваме невредни и неспособни да возвратиме. Ваквото однесување може да доведе до дисбаланс во односите со другите луѓе. Тие ќе постанат свесни дека не ги делиме со нив нивните радости, или дека сме тука само кога им е лошо. Но има и обратни ситуации, кога остануваме разочарани во ситуации кога некој близок не е во сосотојба да се радува на нашиот успех или среќа. Вршени се многу истражувања на оваа тема, така резултатите на едно извршено во Велика Британија врз 10.000 луѓе за чувството на среќа во однос на нивните материјални примања покажало дека

Парите ги прават среќни

единствено ако ги имаат повеќе во од нивните пријатели и роднини. Од друга страна зависта заради поголемите примања на блиските се причина за чувство на несреќа. Пониженоста заради материјалниот успех на пријатели е причина и за нарушено здравје и поголема опасност од заболувања на срце, дијабетес, чир и висок крвен притисок.

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________