Почетна --> Архива --> 284 --> Уживанција во Франција
Уживанција во Франција
Автор: Марјан Вучковиќ   

На оваа жештина, кога сите глеат да скубнат некој динар за на одмор, владата си се крчка ко манџа во тенџере. Си се варат фотељите, си се сервират гласојте преобратени во министерски, заменички и директорски места, а богами сеа иди период кога и борџојте ќе се враќат. Туку, кај да е до 1 август владата ќе биди готова, таман на втори да напрај една групна фотка по повод Илинден, па уште не седната во фотеља, да одат сите на колективен одмор едно двајстина дена, ама по можност со изјави дека ова година нема одмор мора да се работи, само на викенд до Охрид и назад... а бе си знајте како оди то!

Туку, не е арно чоек да му замерва, луѓено си го сработија своето, си напраја изборна победа, и сеа редно е да одат на заслужен одмор до септември, оти тогаш ќе се промовират спомениците у Скопје, нели?!

А опозицијата, во нашата ни Битола, си напрај конгрес. Исто како и ВМРО шо напрај конгрес во Битола. Арно ама тој беше предизборен конгрес и му денесе победа на вмровците. А ес-де-ес-овците, си напрја конгрес пост-изборно поразителен, или на латински post-mortem, за да плебисцитарно го устоличат Бране, да ги брани од Буле, оти почна Буле јавно да фрла со огној и шамари, па сеа мора да се подзбијат редојте.

Туку, да се надоврзам. На конгресите и на ВМРО-то и на СДСМ, во Битола, се устоличваја „плебисцитарно“, (демек едногласно во превод, ама поарно е да се преведи како „со едноумие + аплауз), старо-новите претседатели на овие партии. Едните пред избори за да победат (и победија) и сеа ќе работат.  Другиве пред летен одмор, за да одат на одмор! И ќе одат! Оти не им остана шо друго да работат освен да одморат, до следните избори, овајпат локални.

А ние? Е ние ќе пркниме до септември, оти тогаш, првиве ќе почнат да работат, а другиве ќе се вратат од одмор и заедно глата тапан ќе ни ја напрат. Зато сеа уживанција во Франција (така се вели зборо, ама пошто е скапо во Франција ќе поуживаме дома) . 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________