Почетна --> Архива --> 284 --> ВОДА ВО КОЛЕНОТО
ВОДА ВО КОЛЕНОТО
Автор: Симе Алушевски   

 

1. СДСМ со Бранко е како жеден човек во пустина кој има вода... во коленото. Без Бранко, би ја немал и неа. Ама и со неа, човек не брка работа. Како што ни СДСМ не брка работа со Бранко.

Така некако испадна и на последниот конгрес на СДСМ, кој верувам дека сите, нецели две недели по неговото одржување, веќе го заборавивме. А, и немаше што да се запамети. И по Бранко - Бранко! Ем човекот си го зачува дигнитето, ем СДСМ си има вода... во коленото.

2. За СДСМ, еден е лекот - мора да тргнат од нула, а притоа да се вратат на идеолошката матрица од која произлегоа, да и се обратат на работничката и средноимотната класа и да ги застапуваат нивните интереси.

Кој од сегашново СДСМ раководство припаѓа во оваа категорија?

Никој!

Е ај сеа, ќе речете, и Маркс и Енгелс беа дома со слугинки и пак беа на чело на пролетаријатот. Да, ама во СДСМ нема ни интелектуалци од таков ков, кои искрено ќе работат во интерес на нивната класна база, а не во интерес на сопствениот интерес, посакуваните функции и позиции. Има само такви, со слугинки.

3. Значи, СДСМ може да оздрави, а со тоа и демократијата во Македонија да добие поинаков, поздрав тек, само ако оваа партија ги стави на страна транзиционите богаташи кои од пролетери станаа капиталисти и тоа од најцрн, олигархиски тип, ако заговара даночна политика во интерес на работништвото и средната класа, ако понуди вистински космополитизам без да ги негира сопствените национални вредности.

4. Прв знак дека работите се движат кон тоа ќе биде кога трибините на СДСМ нема да се држат во луксузниот Епинал, туку и во некоја батал месна заедница; Втор знак ќе биде кога некоја партиска победа нема да се слави со знамиња кои се веат од луксузни лимузини, туку во рацете на плебсот; Трет знак за опоравување ќе биде кога под партија нема да се препознават оние матни типови кои се влечкаат од меана до меана и чекаат време кога тендерите ќе се штелуваат за нив, а не за бизнисмените од спротивниот табор.

5. Их колку е полесно да му се соли ум на друг!

А шо прајме со новинарцќине работи? Еве, неодамна во Скопје Здружението на новинари бичим протестираше заедно со Синдикатот на новинарите.

И?

И шо и!

Оние што имаа мака излегоа на улица, демек не за нив, туку за дигнитето на професијата. Другите пак или сеир си гледаа, или се плашеа да излезат на протест. Ние пак, медиумите од Битола, ко да им се ситевме на скопјанчиштана и не ни помислуваме да се организираме на пр. за парите што ни ги потаманија шефовите на РЕК и ЕЛЕМ.

Е, кога ќе ни остане само водата во коленото, а се друго ќе ни исцицаат, можеби тогаш и ние ќе почнеме нов почеток.

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________