Почетна --> Архива --> 288 --> Емоционални вибрации
Емоционални вибрации
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   

Емоциите се енергетски извори кои не придвижуваат и поттикнуваат на активност, ја даваат смислата и  ги одредуваат целите  на  нашите животи. Ние  сме апсолутно зависни од нашите емоционални состојби. Се што правиме има една цел, да се чувствуваме добро, пријатно и среќно или да избегнеме да се чувствуваме лошо, непријатно и несреќно. Кога сме среќни, полни со љубов и мир во себе, зрачиме со некоја прекрасна светлосна убавина и привлечност.  Кога сме понижени, потиштени, засрамени или пакосни делуваме одбивно, непријатно и грдо.


Многу научници ја испитувале

Mистеријата на емоционалниот живот

Најновите истражувања  на  научникот Дејвид Хавкинс резултираат со нова теорија според која секоја емоција има своја  енергетска вибрација.   Тој направил скала на емоции  со вредности за секоја од емоциите,  кои се движат од  20 до 1000. Енергетските вибрациони вредности на емоциите  се резултат на експерименти водени во период од 20 години со користење на кинезолошки тестови. Најниска енергетска вредност има срамот, како деструктивна емоција која развива склоност кон психофизички заболувања, а  која има вредност 20 и   се приближува до состојба на безживотност. На другата страна на скалата се наоѓа просветлувањето или нирваната која е врв на еволуцијата на човечка свесност и изнесува од 700 до 1000. На ова ниво на свесност се Исус, Буда, Кришна. Сите енергетски нивоа под 200 се исцрпувачки и го разнишуваат интегритетот на личноста. Тие се движат од вината 30, тага 75, страв 100 се до гордоста 175. Што се однесува до гордоста треба да знаеме дека таа е негативна емоција. Имено ние се чувствуваме добро кога доживееме ниво на гордост, но тоа дава добро чувство само во однос на пониските нивоа, а сепак  гордоста  е толку нестабилна и зависна од надворешни услови што брзо може да се претвори во пониско ниво.


Силата и моќта

се јавуваат на ниво над 200. На ова ниво сме тогаш кога сме храбри, одлучни и неустрашиви. Тогаш на светот му враќаме онолку енергија колку што и од него земаме, а на пониските нивоа кога сме уплашени, усрамени, тажни и горди ние за свој опстанок земаме енергија од околината без адекватно да им возвратиме. Следното ниво е  спремноста 310, прифаќањето 350  и љубовта 500. Ова ниво го карактеризира развојот на љубовта која е безусловна и трајна, која не зависи од изворот или надворешните фактори. Сакањето е состојба на самото битие, тоа е вистинска среќа. Сите ние вибрираме на различни нивои зависно од емоциите кои превладуваат во нас. Позитивните емоции (кои се на скалата над 200) создаваат вишо вибрационо ниво со кое помагаме да се подигне целокупната свест на човештвото. Оние кои вибрираат на ниво на безусловна љубов (500), или мир (600) имаат големо влијание на свесноста и трансформацијата на другите луѓе. Личност која вибрира на


Ниво на мир

го поништува влијанието на 10 милиони луѓе кои вибрираат на нивоите под 200.
Ова истражување покажа една песимистичка реалност, дека 85% од човечката раса се наоѓа под критичното ниво, а просечното ниво на човечката свесност се наоѓа на нивото 207. Гледано од историски аспект, низ многу векови емоционалната свесност се наоѓала на ниво од околу 190 и пониско, а сегашното ниво, кое обезбедува каков-таков опстанок се случило во средината на `80-те години од минатиот век.
Силата на неколку поединци на врвот со голема емоционална свесност ја неутрализира слабоста на пошироките маси. Така, една личност на ниво на свесност на прифаќање (350) го поништува делувањето на 90.000 поединци на нивоа пониски од 200. Личност која се наоѓа на ниво на безусловна љубов (500)  го поништува влијанието на 750.000 поединци на ниво пониско од 200, а личност на ниво на нирвана 700 го поништува негативното влијание на 70 милиони поединци со ниво пониско од критичното.
Со други зборови, креатори на овој свет се оние кои  зрачат со среќа, љубов и милост. Со секоја позитивна емоционална состојба која ја негуваме кај себе ние помагаме да се подигне свесноста на нашата околина и на тој начин даваме важен придонес во стварање подобар свет за сите нас. Доколку постои поголема група на луѓе која вибрира на фрекфенцијата на љубов и мир, тоа може да го намали стресот и негативностите и да има позитивно влијание на целиот свет.

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________