Почетна --> Архива --> 288 --> КИНЕМАТОГРАФЕРОТ - ВОЛШЕБНИК
КИНЕМАТОГРАФЕРОТ - ВОЛШЕБНИК
Автор: ЕГО Редакција   

Добитник на Специјалната награда Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност за 2011 е Бруно Делбонел. Светската популарност ја стекна како кинематографер на двата филма на режисерот Жан-Пјер Жене, Волшебната судбина на Амелија Пулен и Најдолгата венчавка, за кои има добиено и номинации за Оскар, како и номинации за наградите БАФТА, АСЦ, Сезар, ЕФА-Европска филмска академија (последните две ги има добиено). Во 2010 уште еднаш бил номиниран за Оскар за филмот Хари Потер и полукрвниот принц.

Делбонел е кинематографер и на филмот Фауст на Русинот Сокуров, што пред десттина дена на Венецијанскиот филмски фестивал го освои Златниот лав.

Од големата, светски водечка француска кинематографија, во

Клубот на великаните

на нашиот фестивал, освојувачи на Наградата за животно дело Златна камера 300, досега ги имаме Раул Кутар и Анри Алекан (постхумно). Сега изборот падна на еден од најголемите таленти од средната генерација - Бруно Делбонел, кој ја добива другата по ранг голема награда на битолскиот Манаки - фестивал.

Бруно Делобинел е роден 1957 година во Нанси Франција. Студирал филозофија на Сорбона и дипломирал во 1978 на ESEC - Школа за кинематографски студии во Париз. На 44 години, во 2001 година, Делбонел ја достигнува својата светска слава со првиот од трите номинирани за Оскар, сега веќе антологискиот филм Необичната судбина на Амелија Пулен.

Во тандем со колегата Жене, Делбонел го снима извонредниот филм, историската љубовна драма од Првата светска војна - Многу долга венчавка, за кој во 2005 година Делбонел ја доби втората номинација за Оскар.

Третата номинација за Оскар дојде во 2010 година за еден од визуелно најефектните филмови од серијалот на стрип-фантастиката за Хари Потер, шестата верзија - Хари Потер и полукрвниот принц, каде својата визуелна креација Делбонел ја издигнува на ниво на

Ремек-дело во изразот

кој како диригент на оваа фантастична симфонија супериорно ја контролира работата на камерите и колор-атмосферата, со над 1.000 стручни соработници во неизбежниот технолошки домен на специјалните визуелни ефекти и дигиталната анимација.

Неговиот престој во Битола на 32 Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки е најавен и тој ќе пристигне директно од снимањето на најновиот филм на Тим Бартон, Мрачни сенки, со Џони Деп и Мишел Фајфер во главните улоги.

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________