Почетна --> Архива --> 288 --> ТРАГИКОМИЧНАТА СТРАНА НА ЖИВОТ
ТРАГИКОМИЧНАТА СТРАНА НА ЖИВОТ
Автор: Љубомир Груевски   

РЕТРОСПЕКТИВА: 13 ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА БИТОЛА 2011 ГОДИНА

(Патрик Саскинд: Контрабас; Актер: Рене Медвешек; Режија: Рене Медвешек; Продукција: Егзит-театар, Загреб, Хрватска

Од дванаесетте монодрамски проекти коишто во неколкуте дена од траењето на 13 Интернационален фестивал на монодрамата беа прикажани во оваа 2011 година, недвојбено сценскиот проект на Егзит-театар, од Хрватска, по многу свои елементи, но најнапред по најважните – текст и актерска игра, остануваат да бидат во самиот врв на презентациите на големата уметност на театарот од мал формат. И разбирливо е да е така, зашто што да се каже за автор од формат на современиот германски писател и сценарист – Патрик Саскинд кој токму за свој

Театарски првенец

го има Контрабасот, којшто го обнародува во не толку блиската 1980 година и со кого за кусо време доживува светска слава. За големината и творечкиот волумен на Саскинд не помалку зборува и другиот негов уште позначаен и помаркатен успех, успехот со романот Парфем – историјата на еден убиец, објавен во 1996 год. (продаден во 15 милони примероци! - преведен на 46 светски јазици – дури и на латински!),  а којшто и Њујорк тајмс таа година го прогласува за роман на годината. Овој огромен и феноменален успех на Саскинд и воопшто искачувањето, извишувањето на неговиот творечки дискурс во светските височини (вклучително и оној остварен преку неговиот сценаристички опус - што секако е во прилог на нашата теза) веројатно биле пресудни за познатиот загребски/хрватски актер, Рене Медвешек, да се втурне во авантурата на реализација на неговиот перформанс, според текстот на Саскинд.

Големината на еден уметник од било кој медиум/уметност била, е и ќе биде, пред се, во неговата дарба, во неговата моќност да ги сепарира и организира своите забележувања и

Размисли – за светот

за живот, а во тој контекст за нешто толку иманентно променливо и нетрајно, а тоа е човекот (со сета негова променливост на карактер, сфаќања, навики и расположенија) во неговиот исто така нетраен, кусовечен живот. И, ако во некои уметнички форми се зададени големи теми (и согласно на нив и задачи), во случајов на Контрабас, Саскинд проговорува со својата моќна опсервација за животецот на еден осаменик –маж со очигледна криза на средните години, којшто со својата талентираност (?) за музика наместо жена и семејство, за свој животен сопатник го спечалува оној робусен и најголем од сите гудачки инструменти – контрабасот, ниту лесен за музицирање, но ниту лесен за физичко манипулирање со него. Така, џинот меѓу синфониско-филхармониските инструменти, нужно станува партнер во животот на

Осамениот музичар

негова опседнатост – многу повеќе од самата музика. Инструментот со сите негови мани и предности (ако воопшто и ги има) станува извор од вистински до хиперболизирани и најинтимни фрустрации на музичарот. Вештиот и луциден Саскинд, преку умно селектираниот и духовит подбор на текстот но и поттекст , не уверува во автентичноста (или веројатноста за вистинитост) на приказната за музичарот чијшто живот е врзан и е зависен од големиот „недоделкан“ негов сопатник, партнер – и вечен придружник. Контрабасот е и целиот негов емотивен живот, а неговата сеприсутност е изворот на сите маки и тегобности; тој едноставно е пречка, вклучително и за нормален сексуален живот на својот несреќен музичар обземен од сите несреќи на малограѓанштината и осаменоста - малициозност, завист и смешни суетности.

Тоа се параметрите и инспиративните простори на оваа елоквентна, луцидна и над се мошне

Духовита текстуална предлошка

за стенд-ап комедијата, на што и се сведува всушност, проектот Контрабас, којашто само еден извонредно талентиран актер, каков што е тоа гостинот од Хрватска, Рене Медвешек - можеше така браворузно да го игра, да засмејува и напати да примами на сочувство со трагикомичната судбина и на големите уметници на музиката, што музицираат на контрабас - да го влечкаат со себе инструментот којшто најчесто е потежок и секако, поголем и од нив самите.

Така и од се кажано, да заклучиме дека режисерот Рене Медвешек ќе мора во својата режисерска инвенција и способност да не уверува во некој друг сценски проект, зашто сосема и со право беше вон игра, во феноменалниот Контрабас, на извонредниот актер Рене Медвешек, но пред се на екслузивниот и експлозивно умниот и духовит текст на Патрик Саскинд.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________