Почетна --> Архива --> 296 --> МАПАТА НА ПИРИ РЕИС
МАПАТА НА ПИРИ РЕИС
Автор: ЕГО Редакција   

Мапата содржи делови од морските брегови на Јужна Америка, Западна Африка, Шпанија, Франција, дел од Северна Америка, Гренгланд, Нова Земја, дел од Канада, Мексико и Перу, кои биле (официјално) пронајдени подоцна од спомнатиот датум. На картата од 1528 година е детално оцртан Антартикот, кој бил проучуван од експедиции околу триста години подоцна!

Мапата на Пири е неверојатно точна! Единствен начин да се направи таква мапа е со помош на снимки од воздух. Кој имал таква технологија пред 6000 години?

Реис користел дваесетина различни мапи собрани во текот на неговите бројни патувања. Осум од нов потекнувале уште од времето на Александар Македонски.

Истражувајќи во архивата на Отоманската империја во Топкапи-палатата во Турција, група историчари во 1929 пронаоѓаат географска мапа нацртана на кожа од газела. Испитувањето покажало дека мапата е оригинален документ направен во 1513 од турскиот адмирал Пири Реис, а дека нејзината содржина, создадена 21 година по Колумбовото откритие на Америка - е неверојатна! Подоцна се покажало дека всушност во Националниот музеј на Турција има две карти од адмиралот Пири Реис. Тие биле составен дел од тн. Бахрие (Книга на морињата), стар атлас на географски поморски карти. Втората карта датира од 1528 година.

Мапата сама по себе не е енигма. Од неа навистина недостигаат 2/3, но и онаа 1/3 што ја има е доволна да предизвика вчудоневиденост. Изненадувачко е што на нив се претставени делови од морските брегови на Јужна Америка, Западна Африка, Шпанија, Франција, дел од Северна Америка, Гренланд, Нова Земја и дел од Канада. На картата од 1513 година фигурираат Мексико и Перу, кои биле (официјално) пронајдени подоцна од спомнатиот датум. На картата од 1528 година е детално оцртан Антартикот, кој бил проучуван од експедиции околу триста години подоцна (во XIX век)!

Во почетокот на 16 век веќе биле направени повеќето првични истражувања на новите светови од страна на Колумбо, де Гама, Дијаз, Веспучи, Магелан, но оваа мапа е првиот обид да се направи првата

MAPPA MUNDI

односно карта на светот. Отоманското царство во тоа време е најмоќната империја, заменувајќи ја претходната најмоќа империја, Византија, а Визанатија пак, многумина ја сметаат за наследник на најмоќната империја на Стариот свет, Античка Македонија. Значи, врз такви темели, Отоманите располагале со моќ, искуство, знаење и и наука. Се верува дека Пири Реис имал пристап до сите мапи кои биле во рамките на империјата (византиски, римски, македонски, персиски, индиски итн.) но и до новите мапи кои ги правеле картографите на новите истражувачи.

Најголемата енигма во оваа мапа е прецизно прикажаниот брег на Антарктикот. Најпростиот одговор би бил дека некоја од експедициите стигнала и на замрзнатиот Антарктик и доволно добро го отцртала, но непостоењето на други записи (освен Мапата на Пири Реис) за некоја експедиција на Антарктикот, ја мистифицираат целата работа.

Сторијата за мапата започнува 1501 кога Kemal Re`is (Кемал Реис), поморски капетан на Отоманската флота заробил седум бродови во близина на шпанскиот брег. При испитувањето на заробените морнари, Кемал Реис пронаоѓа еден морнар кој пловел на еден од Колумбовите бродови. Во тој период поморските мапи биле од непроценлива вредност и строго чувана тајна, а овај морнар ја поседувал

Мапата на Новиот свет

изработена лично самиот Крстофер Колумбо. К. Реис ја запленил неговата мапа, ја чувал, а по тоа ја оставил како наследство на својот внук Piri Re`is (Пири Реис) кој исто така бил поморски офицер на Отоманската флота. Негова страст била картографијата, а неговиот висок чин му отворал привилегиран пристап во Империјалната библиотека во Константинопол. Приказната кажува дека Пири Реис започнува да работи на нова мапа во 1511. Имал намера да изработи мапа која би ги обединела сите дотогашни шпански и португалски откритија. За таа цел користел дваесетина различни мапи собрани во текот на неговите бројни патувања. Според неговите зборови, осум од овие мапи потекнуваат уште од времето на

Големиот Александар

Македонски од IV век п. н. е.

Во контект на тоа дека старите Македонци стигнале многу подалеку отколку познатиот свет во тоа време, сведочи едно предание од Филипините. Се работи за легенда на народот Моро, што живее на вториот по големина филипински остров Миндонао. Преданието го запишал истражувачот Вик Хар во својата книга "Приказните за Мороро" објавена во 1936 година. Според преданието што го објавува Харли, народот Моро себеси се сметале за директни потомци на Александар Македонски т.е потомци на дел од неговата војска која низ Индинскиот Океан стигнала до далечните Филипински острови и дека самиот Александар престојувал на Филипините каде изградил дворец. Тоа значи дека античките Македонци поседувале морепловски вештини и знаења, а секако и мапи. Доказ плус за нивната експедиција се имињата на островите на патот на флотата од Индија кон Америка: Микронезија, Полинезија... кои етимолошки водат потекло од зборот несос кој на древен феникиски и античко-македонски значел остров или земја. За досегањата на флотата на Александар до Америка зборува пронајденото шеснаесеткрако сонце на Велигденските Острови, кои веројатно биле попатна станица. Во таа насока се и сликите пронајдени кај древните Маи на кои се прикажува средба на Маите со белите луѓе. Се смета дека тоа се членови на

Флотата на Александар

Македонски. Како и да е, Пири Рејс користел и арапска мапа на Индија, четири португалски мапи на Кина и Индискиот Океан како и наследството од неговиот чичко, мапата на западните предели која ја составил Кристофер Колумбо. Пири Реис не го наведува потеклото на останатите мапи што ги користел. Тој лично на мапата ги напишал коментарите кои ни говорат што точно работел со кој дел од мапата. Исто така наведува дека тој не е одговорен за оригиналното истражување и картографијата на мапата, туку дека неговата улога била да ги собере податоците од собраните мапи и да состави една на основа од податоците.

Мапата на Пири Реис го прикажува западниот брег на Африка, источниот брег на Јужна Америка и северниот брег на Антарктикот. Фрапантно е што на мапата е исцртан брегот на Антарктикот во неверојатни детали! Една од загатките, но не и најголема, е тоа како Пири успеал да ја нацрта толку прецизно мапата на Антартикот цели 300 г. пред откривањето на овај континент? Од своерачните запишани белешки на турскиот адмирал се дознава дека картите ги подготвил со помош на документи кои на арапски биле

наречени "џаферие" и биле нацртани во времето на Александар Македонски.

Непобитни докази собрани со геолошките истражувања на овај континент дека тн.

Земја на кралицата Мауд

така именувана од Норвежаните кои своевремено ја поседувале, последен пат била без мраз пред околу 6000 г. односно некаде околу 4000 г. пне! Официјалната наука тврди дека ледениот покривач кој го покрива Антартикот е стар околу милион години. Мапата на Пири ни зборува дека северниот дел на Антартикот е истражен пред да биде покриен со мраз. Ова не наведува на помислата дека картата на ова подрачје е направена пред милион години, но тоа би било невозможно затоа што човековата раса не ни постоела во тоа време. Новите и многу прецизни испитувања докажувуаат дека овај дел на северниот брег од Антарктикот последен пат бил без мраз пред 6000 г. Се уште постојат несогласувања во научниот свет за тоа кога завршило последното Ледено доба, но најбројните се мислењата кои укажуваат на период помеѓу 9000 и 13000 г. пне.

Според тоа, голема мистерија е кој ја направил деталната мапа на копното на северниот брег од Антартикот пред 6000 години? Која е за нас таа непозната цивилизација која поседувала технологија со која успешно го завршила ваквиот потфат?

Официјалната историја тврди, дека првата цивилизација се развила околу 3000 г. пне. на Средниот Исток, а потоа и во долината на Инд и во Кина. Ниедна од овие цивилизации не постоела ниту можела да состави ваква мапа 6000 години пне.

Низ целиот Среден век во циркулација биле поморските мапи наречени

Портолани

Тоа биле прецизни мапи на најчестите и највообичаените пловни траси на патување, а ги прикажувале бреговите, пристаништата, мореузите, заливите, плитките подрачја и слични други податоци неопходни за успешна навигација и пловидба. Но неколку портолан-мапи прикажувале во тоа време и непознати пловни патишта. Наводно и Колумбо поседувал една таква „специјална мапа“.

Кога Пири Реис привремено се пензионирал во Галиполе, се зафатил со тешката задача за изработка на целосна мапа. Кога по три години ја завршил, на мапата го додал и овај запис: „Авторот на оваа мапа е скромниот Пири Хаџи Мухамед, познат како внук на Кемал Реис. Галиполе, во светиот месец Мухарем 919 година (1513 година)“.

Ова мапа не била единственото дело на Пири за картографијата. Во 1521 го пишува морнарскиот водич за брегот и островите на Медитеранот: Kitab-i Bahriye („Морнарска книга“ или „Морнарски прирачник“).

Никогаш не е откриено кои шест мапи Пирс ги користел (не го навел нивното потекло), ниту пак некогаш се пронајдени мапите кои потекнуваат од времето на Александар Македонски. Сепак веројатно е дека една од користените мапи сигурно била и мапата која ја нацртал самиот Колумбо.

Сторијата за крајот на Пири е класична

Иронија на судбината

зашто неговата книга била повод за - неговата смрт! Во неа тој заговара да се протераат Португалците од Црвеното Море и Голфскиот Залив. Како осмислувач на таа стратегија, султанот го поставува за главен командант на флотата, но во 1551 г. во битката против Португалците Реис ги губи повеќето свои бродови. Иако во осмата деценија од својот живот, тој е осуден на смрт.

Потоа, се до1929 г. кога повторно е откриена, мапата била потполно заборавена. Во 1954 професорот по историја Чарлс Хапгуд по седум години истражување издава книга: „Мапите на древните морски кралства“. Во уводот тој вели: „Се испоставува дека прецизните податоци се пренесувани од уста до уста. Можно е дека картите проистекле од непозната за нас цивилизација и дека се пренесувани генерациски, најверојатно преку Минојската култура од Крит и преку Феникијците кои низ периодот од повеќе илјади години биле најголемите морепловци на Стариот свет. Денес има докази дека овие мапи биле собрани и дека се проучувале во големата Александриска библиотека. Географите кои таму работеле, со помош на овие стари мапи, правеле нови.“

Според Хапгуд, Пири Реис поседувал една или повеќе вакви мапи кои некогаш биле лоцирани во големата Александриска библиотека.

- Во текот на четвртата крстоносна војна 1204 г. крстоносците успеваат да продрат во Константинопол и тогаш овие мапи почнаа да циркулираат помеѓу европските морнари. Повеќето од овие мапи ги претставуваат Медитеранот и Црното Море, но имало мапи и од други подрачја, мапи од Северна и Јужна Америка, мапи на Арктикот и Антарктикот со океаните. Јасно е дека древните морепловци патувале од Северниот до Јужниот пол. Колку тоа и да звучи неверојатно, од податоците на овие мапи произлегува дека

Старите цивилизации

го истражувале Антарктикот уште во времето кога неговиот брег не бил покриен со мраз. Исто така е јасно, дека овие стари морепловци располагале со инструменти за навигација со кои можеле прецизно да ги одредат координатите во просторот и дека овие инструменти ја надминуваат целата технологија на Стариот и Средниот век како и она на модерните времиња, се до втората половина на XVIII век, вели д-р Хапгуд.

Доказите за постоење на древни напредни технологии ги поддржуваат многу други хипотези кои зборуваат за стари, исчезнати и заборавени, напредни цивилизации како што се Атлантида или цивилизацијата Му.

Во 1953 година еден турски поморски офицер мапата на Пири ја доставува до Бирото за хидрографија на американската морнарица. Пензинираниот морнарички капетан Арлингтон Малери открива кој метод на проекција е користен за да се направи мапата на Пири Реис. За да ја провери со која прецизност мапата е направена, направил мрежа и ја префрлил мапата на Пири на глобусот. Резултатот бил фасцинантен: мапата била неверојатно точна! Неговиот заклучок бил дека единствен начин да се направи мапа како таа е со помош на фотографија од воздух. Но, можел да користи таква технологија пред 6000 години?

Бирото за хидрографија било вчудоневидено од прецизноста и деталите на мапата, со чија помош успеале и да исправат неколку грешки на денешните мапи! Одредувањето на лонгитудиналните координати за изработка на Пириевата мапа побарувало користење на сферна тригонометрија, метода непозната се до средината на XVIII век.

Хапгуд успеал да докаже дека е изработена со геометриска метода и дека користи географски координати под прави агли распоредени во мрежа, но и дека е очигледно дека е копирана од постара мапа кој е проектирана со помош на сферна тригонометрија. Раните географи не само што знаеле дека Земјата е тркалезна туку им бил познат и обемот со прецизност од околу стотина километри.

Хапгуд неговата колекција од стари мапи ја испратил до Ричард Стречан кој во тоа време работел на Институтот за технологија во Масачусетс. Го замолил да процени колкаво ниво на познавање на математика било потребно за да се направат оригиналните мапи. Одговорот пристигнал 1965 - Стречан бил уверен дека било неопходно вонредно добро познавање на математиката, сферната тригонометрија, заобленоста на Земјата како и методата на проекција.

Една норвешко-британско-шведска експедиција на Антарктикот потврди дека географските одлики на теренот од Земјата на Кралицата Мауд како што се копнената маса, брегот, реките и планинските венци, платоата, заливите, а кои ги прикажува мапата на Пири Реис се во танчина веродостојни! Истражувачите до овие детали дошле со користење на сонар и сеизмичко прислушување, а самиот терен се наоѓа скоро два километри под мраз.

Она што не е сфатливо е потполната прецизност на лонгитудиналните координати во тоа време, не само кај мапата на Пири туку и кај ред други кои им пркосат на времето. Една од таквите мапи е и

Мапата на Дулчерт

Потолан од 1339 г. на која мрежата од паралели на Европа и Северна Африка се совршено прецизни, а меридијаните кои го пресекуваат Медитеранот и Црното Море на мапата се прикажани со отстапување од половина степен!

Има и други мапи кои поставуваат прашања како можеле да бидат изработени во тоа време. Мапата која во 1532 г. ја направил Оронтус Финеус исто така е многу прецизна и го прикажува Антарктикот без поларната капа, што значи дека и тој од некаде ја прецртал. Овие мапи, и ред други, како на пример Зенг-неовата мапа на светот (презентирана на тогашниот кинески цар во 1763, а направена во 1418); Мапата Пицигано, наутичката мапа од 1424; Кантино-мапа на светот од 1502; Албертин ди Вирга мапа на светот од 1410... Сите тие прикажуваат географски особини на нашата планета користејќи знаењата кои денес ги сметаме за плодови на новото време.

За изработувањето на овие прецизни мапи користени се податоци преземени од постари-древни мапи кои се сигурно засекогаш изгубени по дамарите на времето.

Неверојатна е Зеновата мапа од 1380 која прикажува голема копнена маса која се протега на север се до Гренгланд, со перфектно пресметана координатна мрежа, и на меридијаните и паралелите. Мапата која ја направил Турчинот Хаџи Ахмет во 1559 г. го прикажува 1600 км. широкиот копнен појас кој ги поврзува Алјаска и Сибир, природен мост кој ги поврзува двата континенти, Америка и Азија, а кој е под вода од завршувањето на последното ледено доба кога нивото на водата на планетата се кренало и ова територија на мапата станала морско дно.

Некој цело ова знаење го го преточил во мапи во време во кое се уште нивото на знаењето било многу мало за такви достигнувања, но користел преостанати парчиња кои времето не ги уништило и зафрлило.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________