Почетна --> Архива --> 296 --> ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ?!
ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ?!
Автор: ЕГО Редакција   

Непознати сторители со вулгарни зборови и цртежи, навреди и пораки од типот „умри“, во понеделникот околу 20 часот ја оштетиле семејната куќа на претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев. Првиот лустратор потврди дека во понеделникот бил во Скопје на состанок на Комисијата и дека вечерта, кога се вратил, видел што е направено. Куќата во лавчанскиот регион на ул. „Милан Петревски“ бр.7 во Битола била испишана со вулгарни зборови и цртежи, навреди и пораки од типот „умри“ но вели, дека настанот не го пријавил во полиција, бидејќи, како што рече, не сакал околу тоа да се крева прашина.

- Убеден сум дека ова го имаат направено помлади лица, можеби некои мали деца, но најверојатно поттикнати од некој возрасен бидејќи никој не би се осмелил слободно да влезе во дворот. Ако некој пак се обидува да ме заплаши, тогаш јас уште еднаш ќе речам, работам законито, а одлуките во Комисијата ги донесуваат единаесет членови. Сите тие се со соодветно образование и интегритет, ги гледаат податоците и за да се донесе одлука мора за неа да гласа мнозинството. Ниту една одлука досега не е донесена без соодветно мнозинство. Јас ќе продолжам да работам според законот и надлежностите. Мојата обврска е да ги закажувам седниците, да предложам дневен ред, а ако членовите на комисијата не се сoгласуваат, тогаш не можам ниту тоа да го направам. Мојот пристап во работата може лесно да се провери, изјави Томе Аџиев.

Претседателот на Комисијата за верифакација на фактите, Томе Аџиев, настанот го поврзува токму со понеделничната седница.

Освен графитите куќата нема други оштетувања, но сепак ја најави можноста дека случката ќе ја пријави кај надлежните органи, иако според него, настанот не заслужува посебно внимание.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________