Почетна --> Архива --> 300 --> ЗЕМЈА НА ЧУДАТА
ЗЕМЈА НА ЧУДАТА
Автор: Симе Алушевски   

 

1. Се случува ли чудо во скопската „Св. Димитрија"? Додека не дознаеме, ќе се позанимавам со чудата кои секојдневно се случуваат околу нас. На пример:

· Чудо е како со само еден-два мандати во политика, човек може да обезбеди поколенија и поколенија;

· Чудо е како неписмени добиваат академски титули;

· Чудо е како со толку субвенции, нема пораст на земјоделското производство;

· Чудо е - производството расте, а борџот се зголемува;

· Чудо е што економијата се поправа - се друго се влошува.

· Чудо е што медицинските сестри во јавниот сектор се повеќе платени од лекарите во приватниот...

2. Ако некој смета дека тие и не се вистински чуда, туку обични аномалии на времето, сигурно не може да каже дека следниве работи не се чуда:

· Вистинско чудо е колку долго потрошувачката корпа може да издржи без храна;

· Вистинско чудо е ако не примат во НАТО;

· Вистинско чудо е што покрај толку многу апарати за игри на среќа, сепак не сме посреќни.

3. Не сум сосема убеден во горниве чуда, ама ќе поверувам ако ги видам и следниве супер-чуда:

· Ако се вработи некој без партиска книшка;

· Поточно, ако се вработи некој со партиска книшка, ама во приватен сектор;

· Ако се вработи дете (најчесто чудо од дете) на партиски функционер, ама во сопствен бизнис;

· Ако грција не признае под уставно име;

· Ако седнат Али, Бранко, Грујо, Љубчо, Љубе, Тачи, Ѓорѓе... во меана,  да се очукаат ко стока и после ко секој нормален пијаница, да се гушкаат и да плачат... за Македонија, разбира се;

· Ако опстанеме со толку многубројна администрација и џаболебари;

· Ако поевтини бензинот;

· Ако се покачи стандардот;

· Ако РЕК го плати борџот;

· Ако профункционира  било каков закон за лустрација;

· Ако во заборав паднат термините мито, рушвет и корупција;

· Ако Катарците дојдат да скијаат на Пелистер;

· Ако Европа ни закаже датум за преговори;

· Ако Бранко (ама Брезовац) барем еднаш промаши тезга во НТБ...

4. Народот наш, одамна зазел став по ова прашање: Секое чудо - три дена! Само нашево чудо - со децении...

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________