Почетна --> Архива --> 300 --> Радост
Радост
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   

 

Она што е храната во однос на гладот, тоа е радоста во однос на животот - со оваа мисла познатиот филозоф и писател Бернард Расел ја опишува улогата на радоста за среЌен и исполнет живот. Радоста е доживувење на спонтаност и комплетно блаженство што е одлика на детската невиност. Децата лесно се препуштаат на радоста, ним не им е потребна посебна причина да бидат радосни. Некаде длабоко во секој човек живее дете кое било невино и слободно и знае дека радоста сама по себе е подарок на животот. Сепак со возраста како да избледува овој

Прекрасен дар

на животот и кај луѓето се намалува или сосема се губи способноста да се радуваат на животот. Познавањето на причините зошто тоа се случува може да помогне да ја развиеме повторно способноста да се радуваме на животот или, како што велат психолозите, да го пробудиме детето во себе. Еден од основните услови за да се доживее радоста е слободата. Тешко е да се замисли радосен човек чие движење е ограничено. Но не е доволна надворешната слобода, потребно е да ја имаме и внатрешната слобода од сопственото его, како би ги доживеале и отворено изразиле своите чувства.

Егото

е најголем непријател на радоста зошто за него се значајни само оние предмети и активности кои служат за тоа да се подобри сликата што другите ја имаат за него. За оваа цел служи стекнување на имот, пари, моЌ, успех, слава и статус. Егото само по себе не е штетно, тоа е интегрален дел од нашата личност, на сите ни е значајно каква е нашата слика и статус кои ги уживаме пред јавноста. Но проблем е кога истакнувањето на она што егото го смета за битно станува доминантна активност на една личност. Тоа води до илузии кои можат да станат доминантни убедувања, како она дека богатството носи среЌа, или дека славата обезбедува љубов или дека покорноста штити од можно насилство.

Илузиите

оддалечуваат од реалноста и самосвесноста за автентичните потреби кои водат до вистинско задоволство, а се извор на непријатни емоции како страв, очај и вина кога не се реализираат поставените илузорни цели. Но емоционалното здравје и способноста да се ужива во животот е во самосвесноста и способноста да се прифати реалноста а не да се бега од неа. Самосвесноста, самоизразување и автентичноста се три емоционални вештини кои водат до самоприфаЌање и слобода да се биде среЌен и радосен.

Кога веќе зборуваме за радоста тогаш да се потсетиме дека пред нас се денови создадени за радување!

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________