Почетна --> Архива --> 300 --> ЧОВЕЧКАТА ПРИКАЗНА НА ФИЛОЗОФОТ
ЧОВЕЧКАТА ПРИКАЗНА НА ФИЛОЗОФОТ
Автор: Љубомир Груевски   

 

ЧОВЕЧКАТА ПРИКАЗНА НА ФИЛОЗОФОТ


(Гоце Смилевски: СПИНОЗА; Режија: Зоја Бузалковска; Костимографија: Лира Грабул; Сценографија: Зоја Бузалковска; Музика: Оливер Јосифовски; Продукција: Мал драмски театар Битола)

Спиноза драмскиот текст со овој наслов произлезе од извонредниот (и наградуван) прв роман на Гоце Смилевски, „Разговор со Спиноза“, а кој со подршка на Министерството за култура, како претстава го продуцираше водството на Малиот драмски театар Битола - првобитно најавена како заеднички проекти со Драмски театар од Скопје. Во секоја случај, зад поставувањето на драмата Спиноза стои респектабилното име на режисерката Зоја Бузалковска.

Како што е познато, преку одличното познавање на животот, но и самото филозофско дело на Барух Спиноза, Гоце Смилевски пред неколку години го објави својот прв роман, „Разговор со Спиноза“, кој уште тогаш критиката го оцени како особено значајно дело во македонската романескна продукција и го етаблира Смилевски во самиот врв на македонската проза.

Одличната идеја од него да се направи драматизација ја исползува новопокренатиот Мал драмски театар - Битола, една од првите приватни театарски иницијативи за конечно по добро сработената претстава и позитивно оценетата премиера, селекторот и уметнички директор на МТФ да ја предложи во програмата на фестивалот во Прилеп.

Познатите филозофски постулати на Спиноза за односот/релациите и вечното несогласие на страста-нагонот и разумот-рациото, не се прашање само неговите размислувања и филозофски списи, туку тие како и сите други човечки, а тоа значи филозофски прашања се и негови, лични, интимни прашања и дилеми, кои делуваат и во неговиот приватен живот, низ неговите човечки чувства, љубови. Растргнат како човек, но и филозоф, Спиноза ќе ја искаже и испише онаа негова позната размисла: “Зарем само разумот е покрстен, зарем страстите се безбожни?“.

Тој маѓепсан круг, тој лавиринт на човековото битие во режисерската визија на Бузалковска се преселува во кафезот и на сцената, во која дилемата на Спиноза се пренесува во циркуско-еквибилистричка форма, со учество на циркуски акробат – кој е своевиден физичко-сценски толкувач на филозофијата на зададената тема.

И оваа претстава и овој режисер, својот сценски простор и исказ го определуваат во камерните омеѓувања, а со тоа си обезбедуваат поблизок, евидентно посуптилен контакт и влијание врз публиката - што впрочем заради немањето на своја постојана сцена, Малиот драмски театар од Битола, најчесто е принуден да го користи како најпрактично решение и во секоја прилика.

Чесно треба да се подвлече, дека со обезбедениот кастинг: на Васил Зафирчев за ролјата на Спиноза, на извонредно талентираната млада актерка Дарја Ризова (Скопје), Александар Степанулески (Прилеп) и другите, режисерката Бузалковска на преставата и обезбедува успех и сценски долг живот. Патем на Бузалковска треба да и се оддаде признание и за добрата идеја и одличното реализирано сценографско решение, кое пак е услов за другите сценски решенија, играта и самиот тек на претставата.

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________