Почетна --> Архива --> 302 --> ЗЛОСТОР И ОПСТОЈ
ЗЛОСТОР И ОПСТОЈ
Автор: Љубомир Груевски   

РЕТРОСПЕКТИВА: 46 МТФ„ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ Прилеп 2011(10)

(Љубиша Георгиевски: geNOcid 21; Режија: Владлен Александров; Сценографија/видео: Иван Карев, Весела Статкова; Костимографија: Мери Георгиевска; Продукција: НУ Драмски театар Скопје)

geNOcid 21 на Драмски – Скопје, е еден од последните текстови на прославениот македонски театарски (и филмски) режисер Љубиша Георгиевски, врз основа на кој, се поприсутниот на театарските сцени во нашава земја режисер од Република Бугарија, Владлен Александров - еден се позначаен креативен индивидуалитет на јужноевропските простори - сработи по многу нешта значајна претстава. Најпрво значајна по тоа што текстот по кој е реализирана уште еднаш по којзнае кој пат потврди дека големиот режисер Љубиша Георгиевски е и автор со големи можности и неспорни резултати на не многу обемните и плодородни простори на современата македонска драма. Конечно со оваа негова најнова драма, Љ. Георгиевски продолжи со своето зацврстување во самиот

Врв на македонските

а зошто не - и во широките европски литературни и театарски простори - нему толку  блиски и познати од минатото, преку неговите режисерски гостувања и тамошни постановки.

Се пообемната драматуршка библиографија на Љ.Георгиевски и со geNOcid 21 се збогатува со умен/учен и мошне вешто, инспиративно напишан текст. Неговите размисли, тези и филозофско–егзистенцијални постулати како на голем познавач и на општествените, што би значело и политичките реалитети на Балканот но и најшироко, овозможуваат неговото задлабочување во историските, митските, легендарните и библиски мотиви - да биде длабоко современо и силно актуелно. Како автор-интелектуалец и ерудит, би рекле - по вокација, Георгиевски и кога нема вистински драматуршки рецепт за нештата (а ретки се таквите ситуации) не е неумен, реторичен и

Крајно - досаден

Неговите драми драматуршкото го црпат од искуственото, од провереното низ животот – драмско/драматично (најчесто и трагично) случување.

И во оваа последна драма, праинспиративниот миг/мотив на

драматургот Љ.Георгиевски е во милениумски далечниот злостор/геноцид што грците го вршат врз Тројанците во прочуената Тројанска војна. Од таа историска праидеја Георгиевски со силна текстуална мотивација и аргументација ја гради тезата за незастарување на ниту еден злостор и особено не на ниту еден геноцид извршен врз било кој род и народ. Неговите силни опсервации и пораки, низ мајсторски избалансираната и стилски дотераната текстура, драматично но не натрапно ја апострофираат релацијата џелат-жртва/ жртва-џелат.

Во камерната локација на дејствието – сите драматуршки значења, драматично се мултиплицираат. Трите историски лика стануваат наши современици и заличуваат на некои од неодамнешните овопросторни страдалници, а некои ги добиваат ликовите на злосторниците.

Режисерот Вадлен Александров има едновремено и тешка, но и лесна задача – имајќи ја во свои раце судбината на овој сценски податлив текст. Пристапот е лесен ако се гледа од становиште дека многу работи овде се во сферата на актерството - колку во карактерното осмислување на мисловната структура, толку и на физичкото дејствување. Но режисерот не ја остава ниту потешката работа на случајот или и таа да падне врз актерите. Ритамот и динамиката, жестокиот

Физички театар

со длабоко понирање во психолошките сфери, ќе ги исфрлат во преден план актерските можности, особено на Јелена Жугиќ, која преку оваа претстава ќе дојде до високото признание за најдобра женска ролја, а режисерот Александров до уште едно мошне гостување во Р Македонија.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________