Почетна --> Архива --> 302 --> Самовладеење
Самовладеење
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   

Самовладеење е вештина на емоционалната интелигенција и означува способност за контрола и регулација на сопствените емоции и однесувања кои од нив произлегуваат. За да можеме да ги контролираме своите емоции потребно е прво да умееме ги препознаеме и да откриеме што сакаат тие да пренесат. Емоциите се показатели на некои наши потреби,  биолошки или социјални. Пријатните емоции се јавуваат кога сме задоволиле одредени свои потреби што доведува до чувство на исполнетост. Непријатните емоции се показател на незадоволени потреби, кога се чувствуваме ускратени или онеправдани за нешто. Кога не преплават

Непријатни емоции

многу е важно да знаеме да препознаеме која незадоволена потреба или повеќе од нив стои зад тие емоции. Исто така од голема важност е да знаеме како да се заземеме за себе и да ги задоволиме тие наши потреби. На пример, некој може да биде постојано тажен зашто другите не го вклучваат во тимска работа. Наместо да тагува, важно е да ја препознае таа своја потреба и да отворено поразговара со колегите за тоа, да запраша како може да помогне и да ги истакне вештините кои ги поседува ако и можат да помогнат во заедничката работа. Отвореното искажување на агресија и лутина исто така не се препорачува, зашто води до меѓусебни навреди и обвинувања, што не придонесува за амбиентот на сталожено решавање на проблемите. Стравот е исто така емоција која луѓето по правило слабо ја контролираат. Тој е корисен како показател за ралните опасности и помага да се припремиме за нив. Но стравот кој не парализира во активностите кои не се реално опасни туку ние ги доживуваме како такви, е штетен. Многу луѓе заради страв избегнуваат да презентираат нешто пред поголем број луѓе, да се спротивстават на надредениот и тн. Ако емоците (особено непријатните) се долготрајни и со голем интензитет, може да се извор на состојби како бес

Депресија и анксиозност

Тогаш веќе стануваат негативни, а кога негативните емоции овладеат со личноста, тие се рефлектираат на целото функционирање - се намалува концентрацијата, менталната спосонбност и работната меморија. Истражувањата покажале бројни примери на намалена работна ефективност, во сите професии, особено во лидерските и менаџерските кај луѓе со зголемена анксиозност. Затоа вештината на самоконтрола и добро управување со своите емоции и однесувања многу важна за успешно лично и професионално функционирање.

Мал е процентот на луѓе кои имаат задоволително ниво на емоционално самовладеење за да се чувствуваат спокојно и удобно со себе си и одлично да се разбираат со другите. Охрабрува фактот што таа, со соодветно вежбање и едукација, може да се подобри. Оној кој ја учи и усовршува, го одбрал вистинскиот пат за личната среќа и развој. Но пред да стане збор за усовршување и развој на способноста за контрола и регулација на емоциите потребно е да се биде свесен дека емоциите се витална компонента на нашиот опстанок. Тоа важи за сите емоции, особено за непријатните кои сакаме по секоја цена да ги избегнеме, негираме или отфрлиме. Не е проблемот во појавувањето на непријатните емоции, ниту е решението тие да се поништат, што не е ни можно.

Единственото решение

е развој на способноста да се раководи со нив, особено во поглед на времетраењето и интензитетот. Тоа е сложен процес кој вклучува способност да ги препознаеме своите и туѓите емоции, а тоа е свесноста за тоа што чувствуваме, зашто емоциите може да бидат свесни и несвесни. Во мигот кога емоцијата преминува на свесно ниво, личноста може да ја процени ситуацијата која ја предизвика таа емоција. Разбирање на емоциите се односува на сфаќање и предвидување што ќе се случи при појачување на емоциите, како и знаење за тоа како другите личности ќе реагираат на различни емоции, при што е важна способноста да се посматра ситуацијата од различните стојалишта. На основа на тие свесни процени може да се одлучи за промената на однесувањето и расположението. Тоа се основни предуслови за развој на способноста за управување со емоциите процес во кој е потребно да се одбери исправна емоција, нејзиниот интензитет и насока кон посакуваната цел. Умешноста на управување со своите емоции е клучна животна особина. Што сакате да постигнете со своето емоционално реагирање, која реакција сакате да ја постигнете кај соговорникот, до кој степен и на кој начин? Ова се клучните вештини кои треба да се совладаат за успешни социјални контакти. Управувањето со емоциите подразбира прифаќање на емоциите наместо нивно потиснување, а потоа нивно користење за донесување на подобри, а не полоши одлуки. Всушност ова значи дека треба да се научиме интелигентно да ги користиме своите емоции со цел да ги подобруваме своите одлуки и постапки за да ги подобруваме своите животи. Тоа ќе овозможи емоциите да ги ставиме во служба на својата благосостојба и да станеме нивни господари наместо слуги.

Ако успееме да ја развиеме способноста за контрола на непријатните емоции како страв, срам, завист, љубомора, омраза, потиштеност и сл. следи способноста за поттикнување на позитивни емоции.

Позитивните емоции

и расположенија се моќни мотиватори кои влијаат врз постигнатите работни успеси, затоа е пожелно да научиме да ги развиваме кај себе. Пример за тоа е оптимизмот и самодовербата. Всушност ова значи дека треба да се научиме интелигентно да ги користиме своите емоции со цел да ги подобруваме своите одлуки и постапки за да ги подобруваме своите животи. Тоа ќе овозможи емоциите да ги ставиме во служба на својата благосостојба и да станеме нивни господари наместо слуги. Античкиот философ Аристотел, уште во 4 век п.н.е. ја изнел мислата која може да го појасни значењето на владеењето со своите емоции: “Секој може да се налути - тоа е лесно. Но да се налути на вистинската личност, во вистинска мера, во вистинско време, поради вистинска причина и на вистински начин - тоа не е лесно”. Кога би ја следеле Аристотеловата мисла и кога тоа би ни било лесно, би можеле да речеме за себе дека имаме високо ниво на емоционална интелигенција.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________