Почетна --> Архива --> 302 --> ЕВОЛУЦИЈА
ЕВОЛУЦИЈА
Автор: Симе Алушевски   

1. Свету, не ни го врти грбот - не сме ние педери! Така некако накусо кажано звучеше тажаленката на премиерот по повод најновата утка со НАТО. Нејзината многуслојност допрва ќе ја откриваат аналитичарите. Мене пак ми остави впечаток оној кобајаги укор кон Иванов дека заминал во Чикаго. Tоа повеќе ми личеше на серва кон домашната јавност, а дека Иванов отишол без да праша... тоа не верувам.

 

2. Иванов пак, директно од САД ни порача дека нема сила која ќе ни го… и името, и идентитетот, и уставот, и јазикот.

Ух, сега ми олесна. Тоа значи дека и натаму ќе пишуваме на кирилица и ќе зборуваме на македонски јазик... како и до сега: Јас немам, ти немаш, тој нема, ние немаме, вие немате - тие крадат!

 

3. А, можеби треба да еволуираме во пе... Она де, од погоре, па можеби тогаш нема да ни вртат грб? Па да направиме една автентична кампања која ќе содржи само факти? Доста им е на сите од лажги! Еве, на пример ваква: На Балканот има една земја која граничи сама со себе. Таму живеат најубавите жени, а наталитетот опаѓа. Невработените работат најмногу. На најплодната земја живеат луѓе кои гладуваат. Сите играат фудбал, а победуваат во кошарка и ракомет. Сите брзаат на работа, а никој не стигнува на време. Има една земја каде што осумчасовното работно време трае 12 часа, каде што здравството е бесплатно, лекувањето скапо и каде би било пологично лекарите наместо бели, да носат црни мантили. Таму новинарите се слободни, а пишуваат што ќе им се нареди. Јавните набавки се тајна, а државните тајни се јавни. Има една земја каде што војните никогаш не завршуваат, а историјата се повторува секој ден. Има една земја каде што најбогати се оние каде што никогаш не работеле. Земја каде што имаат домашни слави, а се пцуе Господ, каде што законите се почитуваат, но анархијата е нормална состојба, каде што се живее во минатото и иднината, бидејќи сегашност нема. Каде што секој секому му се смешка, а никој никому не му мисли добро. Каде што судските предмети траат подолго од животот. Каде што поплавите се единствен начин за наводнување на земјиштето.

 

4. Ако ова не е доволно, ќе одиме поназад и ќе чепнеме по исчезнатите врски:  Досега многумина мислеа дека врв на глупоста е кога родениот татко ти објаснува дека си настанал од мајмун. Меѓутоа, Новиот бран на брилијантен начин ја потврди Дарвиновата теорија за еволуцијата:

Некогаш мајмуните скокаа од гранка на гранка. Денес скокаат од функција на функција.

Тоа ти се вика еволуција!

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________