Почетна --> Архива --> 305 --> Посесивноста е антиљубов
Посесивноста е антиљубов
Автор: ЕГО Редакција   

Посесивноста е состојба која може да се јави во сите емотивни релации - партнерски, родителски, пријателски, професионални, семејни. Најчесто ги проследува и загрозува емоциите на блискост и наклонетост. Посесивноста е страв дека можеме да ја загубиме драгата личност, а се доживува како чувство на љубомора. Љубомората во голем дел е резултат на психолошкото незнаење за себе си, за другите, а особено за љубовта. Недоразбирањата во врска со љубовта водат до љубомора. 

Под љубов луѓето подразбираат некој вид на монопол, поседување, а не сфаќаат дека во моентот кога ќе почнеме да поседуваме некое живо суштество, ние него сме го изгубиле. Животот не може да се поседува . Но со векови владее спротивно мислење кое довело до тоа љубовта да не се разликува од љубомората, станале речиси една енергија. Дури и љубомората е еден вид показател на љубовта, па кога отсуствува се прашуваме дали ја љубиме таа личност. Но

Љубовта и љубомората

се всушност спротивни полови, а посесивноста е антиљубов. Всушност ако партнерот или пријателот е љубоморен, тогаш тоа е сигурен знак дека не ве сака. Љубомората е емоција на егото, а умот не може да сака, и обратно -  вистинската љубов е ослободена од егото и не може да биде љубоморна.

Егото кога сака нешто поставува два услови кои се фундаментални за него и не постои никаков компромис кога станува збор за љубовта. Првиот е објектот на љубовта да има одредени квалитети со кои ќе се гордее, а вториот услов е истиот да го поседува т.е. да му припаѓа само нему. Не случајно се нагласува зборот “мој” кога  говориме за она што го љубиме: мој сопруг/а, мој пријател, мој љубовник , моја мајка, мој татко, мое дете...

Тоа е ниска форма на сакање во кога “саканата” личност се доживува како објект кој може да се поседува и моделира. Ако еден од условите не е задоволен, се јавува страдање во вид на љубомора. Но задоволувањето на овие два услови е тешка задача кога станува збор за живо суштество. Егото размислува вака: “Јас го/ја сакам, тој/таа е совршен/а, јас се гордеам со него/неа, но не е само мој/а”. Едниот услов не е задоволен и се јавува љубомората во својата најболна форма. Или пак во друг случај егото размислува: “Тој/таа е само мој, но тој има слабости, недостатоци, не е совршен/а и јас не можам да се гордеам со него/неа”. Тогаш се јавува гнев, незадоволство и егото страда од помислата дека не може да се гордее со објектот на својата љубов, па се обидува да го моделира, што е сурова форма на посесивност. А најлош случај за егото е кога не се задоволени двата услови: “Тој/таа не вреди, јас се срамам од него/неа, а згора на тоа не е само мој/а и сум понижен”.

Колку тешка

Задача за егото

кое за да биде задоволно треба да го “преправи” партнерот како би се гордеело и да се погрижи тој да му припаѓа само нему како би се фалело, што е невозможна мисија. Со овие карикирани искази сакам да кажам дека љубовта е извор на страдање во слу;ај кога ќе му се довери на егото. Ние можеме да поседуваме убави и скапи предмети и со нив да се горееме и фалиме пред другите, ние можеме во најдобар случај да си купиме домашно милениче кое ќе ги задоволи условите на егото да е само мое и да биде по моја мерка, но од човек тоа не можеме да го очекуваме. Љубовта е духовна категорија и само кога еволуираме до степен да ја ослободиме од влијанието на условите на егото, таа ќе биде извор на среќа, мир и блаженство.

Ако почувствувате љубов, доверете и ја на душата, од таму таа извира и таа треба со неа да господари. Безусловната љубов бара слобода, храброст и саморазвој, но ќе уживате во неа.

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________