Почетна --> Архива --> 305 --> НЕ СУМ САМ
НЕ СУМ САМ
Автор: Иво Бару   

 

Имав прилика да запознаам еден поинаков тип на луѓе, луѓе кои не се плашат да им застанат на патот на лагите, манипулациите и политичките интереси. Има „убај љуѓе“ во земјава, само треба да се најдеме и да се здружиме, луѓе, кои општото добро секогаш го ставаат пред личните интереси. А пак, ако успееме да ги оставиме предрасудите и егата настрана, ќе нема сила што ќе може да не спречи!

Ако пред пет месеци сакав да си ги спакувам куферите и да ја напуштам замјава, разочаран од се она што ме опкружува... од критикувањето, од кукањето, од летаргијата, од незаинтересираноста, од намќор фаци, од исполитизираноста на целото општество, од тоа што сите се жалат на тешкиот и мачен живот, а не преземаат ништо, од тоа што за се се виновни  политичарите и нивните подмитливи навики, додека сите останати ја користиме првата прилика да го направиме истото, од тоа што сите се разбираме во се и правиме се (читај ништо), од завист, од тоа што ни е поважно што прави другиот, од леснотијата со која ги судиме другите, без притоа да се ставиме во нивна кожа и добро да размислиме како ние би реагирале во одредена ситуација, од тоа што сите мислиме дека ја знаеме апсолутната вистина и сечие друго мислење е недостојно да се земе во обзир, од тоа што истите политички фаци упорно не изневеруваат ред по ред и ние упорно им веруваме, од тоа што скоро сите ја ставаме личната корист наспроти општото добро...

Луѓе кои не се плашат да застанат на патот на лагите,

Манипулациите и политичките интереси

Луѓе кои општото добро секогаш го ставаат пред личните интереси.

И тие ми ја вратија желбата да останам и заедно со нив да се борам за подобра иднина.

Кога се мислев на заминување не очекував дека на друго место ќе најдам нешто многу подобро, туку дека кај и да одам, нема толку да се заморувам со работите што ме опкружуваат. Оти душата те боли само ко’ ќе си дома.

И што се случи? Па, еве ме! Се уште сум тука! Имав прилика активно да учествувам во оганизирањето на Маршот за мир, и сега на Протестите против поскапувањето, и притоа да запознаам еден поинаков тип луѓе. Луѓе кои не се плашат да застанат на патот на лагите, манипулациите и политичките интереси. Луѓе кои општото добро секогаш го ставаат пред личните интереси.

И така, тие ми ја вратија желбата да останам и заедно со нив да се борам за подобра иднина. За нас, а и за сите оние кои не можат да го прават тоа за себе. И знам само едно. Ако сме сложни и си веруваме еден на друг, тогаш сигурно ќе успееме. Има

Убај љуѓе

во земјата, само треба да се најдеме и да се здружиме. А пак, ако успееме и да си ги оставиме предрасудите и егоата настрана, ќе нема сила на земјата што ќе може да не спречи!

Па уште ко’ ќе видам Албанци и Македонци како протестираат заедно, ух, срцето на човек да му се наполни? Кога конечно го оставаат настрана она што не разединува, како национализмот (главното оружје на политичките субјекти во државата), а се насочат на она што не обединува, социјалната правда и борбата за достоинствен живот (најслабата точка на политичките субјекти во државата), тогаш како да не му дојде на човек да си и отпакува куферите, да си ги врати алиштата на своето место, да се потсреди малце пред огледало и полека, полека да си излезе надвор... и цврсто да застане наспроти системот. Системот и неговите институции кои треба да му служат на народот, а го прават токму спротивното.

Исправен, силен, горд, полн со волја и спремен за борба. Погледнувам лево и десно, во очите на моите другари и другарки... ОТИ НЕ СУМ САМ.

 

(Авторот е активист и филмски режисер)

 

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________