Почетна --> Архива --> 305 --> КАФЕТО НАШЕ, НЕЗАВИСНО
КАФЕТО НАШЕ, НЕЗАВИСНО
Автор: Марјан Вучковиќ   

1. Еххх, оваа чудесна земја... исконска Македонија, стигна и до двајсе и првата независност да ја слави со српската естрада. Лани, на јубилејо по повод двајсегодишнината, се случваше своевиден спектакл со пуштање во употреба на фонтани, музеи, чешми и остали

Разладни уреди

а ова година, атмосферата ќе се вжештува со целовечерен мулти-култи концерт на естрадата од Балканов.

Има тука разни тези за то зошто (до вчера браќа и сестри, а денес странци од Србија и Хрватска) да ни пеат на прослава по повод независноста. Па зато шо лани се испуфкаја сите пеачи од Македонија на бина и испеаја се шо имаја, а во меѓувреме, никој не се сети да напрај нови песни! Појасно е сега?

2. Кога ја разрешивме и та дилема, мора да ја разрешиме и другата шо се провлеква две три недели уназад, а е болен заб за сите – ефтината од сато 2 до 5. Море пиштат вриштат луѓево, аукат-мјаукат, шо ќе прајме без струја како ќе живејме, на шо ќе се периме, кај ќе готвиме, небаре досега сите живееја само од 2 до 5. После то умираја. А бе Госпо да чува!

Јас не велам дека е лошо то шо се буни народо, посебно кабадаите битолски, ама барем да биди реално. Ова нашево испадна дење ААаааУУууу, ноќе - мјаууу. Дење сите штрајкуват, свиркат, урлат по Широк сокак, газат по плочките душмански небаре плочките се криви шо

Нема ефтина

а од друга страна, чим заврши протесто, сите трк по дома на туширање (на СКАПА струја) и фрп по кафина се мазнат на истите тие плочки шо душмански ги газеја до пред полсат. Шо значи, не мој да се продават пуфки дека сме полни со пари сите ќефосани, по кафичи, ама од друга страна не боли до џигер ко ќе ни ја скинат ефтината.

3. Значи, комплексноста на битолчани е доста позната и раширена по Македонијава. Не сне свесни за истата, ама сите се потсмеват со нас. Не за друго, ами шо тапкаме в место ко некој недораснати, а другите пред нос ни го земат то шо ние можевме со малце мака да си го чуваме. Само ко пример ќе спомнам дека Пелистер, одвај се тркала во прва лига, и наместо да биди мотивиран да добие нов стадион Битола, претпоставувате дека нов стадион ќе се гради во... Штип, разбира се! Исто така си знајме дека Битолцкио универзитет ако беше на времето втор во државава, (по се изгледа беше втор пошто немаше трет), сега шангајците го турнаја на дури четврто место и го остаја без медаља, па не е ни чудо шо овај уписен рок одвај запиша по некој студент. Со муфлосани смерој, јасно е дека сите ќе избегат или Скопје или Штип, кај шо отворија медицина, кај шо ќе отварат сообраќаен, чунки, кај нас имаше, ама ни ги зедоја.

4. Ако ја анализираме ситуацијава моментално шо ни се дешава во градов и во државава, лесно е да се заклучи дека не е крива владата (до толку) колку шо сме и сами криви и шо не знајме шо да напрајме

Поќе од бес

Протестираме дење, се ќефосфаме ноќе, си преќутваме ко ќе ни земат од пред нос нешто, а од друга страна, сите другите се селани, само ние сме грацките. Во фабрика на никој не му се работи, на сите кафе му се пие. Е па, и десет фабрики да отворат во Жабени, џабе ќе биди пошто ако газдата не напрај кафич во фабриката, кај шо ќе седнат лугето ко на Широк сокак да се осеќат, ништо од бизнисо, нема чоек да се сврти внатре да се вработи.

5. Врти-сучи, ако го прашате еден мој професор шо мисли за то како се живеј во транзиција тој ќе ви речи кратко и јасно дека првите двајсе години е тешко, а следните двајсе не е лесно. Па сеа, видете вие како ќе туркаме следниве двајсе години.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________