Почетна --> Архива --> 306 --> MOЌ
MOЌ
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   

Љубовта кон своите блиски, кон другите луѓе, кон човештвото, кон природата и кон се што не опкружува е гарант на нашето постоење. Љубовта е таа која ни овозможуваат да се издигнеме над физичкото и да станеме духовни битија. Таа ни овозможува да развиеме вештина на откривање на подлабока смисла во дразбите кои ги примаме, да препознаваме во нив нешто скриено и ново, а сепак од суштествено значење. Ова не значи дека треба да се откажеме од материјалните потреби, зашто тие се основа на чувството на сигурност. Отсуството на сретства за нивно задоволување води до страв и несигурност. Сепак тоа е пониска потреба во хиерархијата и не треба во никој случај да е крајна вредност. За жал, не е мал бројот на оние за кои највисок дострел и крајна цел е живот исполнет со лични

Задоволства и уживања

за чие задоволување е потребна материјална и социјална моќ. Но нивното постигнување е тешко и неизвесно дури и кога е базирано на високи способности и таленти, многу вложувања и откажувања.

Што е со оние кои сакаат брз и лесен начин до материјални и социјални благодети? Ова не е ни малку наивна состојба, зашто бара бескурпулозно и несовесно однесување во кое се искористуваат други луѓе. Ваквиот животен стил има негативни последици за околината, но уште повеќе за оној кој го практикува зашто води до одделување од својата суштина. Не смееме да се одделиме од својата суштина. Таа е гаранција за нашето постоење. Ако го избереме

Патот на моќта

треба да се претвориме во многу несреќни суштества. Многу луѓе коментираат со завист за оние кои успеале наказнето да постигнат материјална и социјална моќ. За сите нив би сакала да го презенирам психолошкиот профил на таквата личност. Замислете ако можете - личност која нема совест, нема чувство на вина или жалење без оглед на тоа што прави, нема обзир за добросостојбата на другите! Замислете дека таа личност не мора да се занимава со страмот без оглед на сите работи кои што им ги прави на другите! Замислете, исто така, дека поимот одговорност и е потполно непознат, освен како еден непотребен товар кој другите го носат на својот грб. Сега на оваа чудна фантазија додајте и една „способност“ - да го сокрие од другите луѓе фактот дека нејзиниот ментален склоп е потполно различен од оној на другите. Таквата личност е потполно ослободена од сите внатрешни препреки и ништо не ја спречува да прави се онака како што и се допаѓа, без никакви напади на грижа на совеста, а надворешниот свет не е во состојба тоа да го забележи. Може да прави што сака, а покрај сето тоа - таа чудна предност над повеќето други луѓе кои нивната совест ги држи на узда, од нивна страна најверојатно нема да биде откриена. Што ќе направи ваквата личност со овој свој таен адут, свесна дека другите луѓе се „хендикепирани“ затоа што имаат совест? Одговорот ќе зависи од тоа какви се желбите кои ги има. Во секој случај делува дека е во предност над другите во реализација на материјалните потреби. Но таквата личност заборава дека животот е многу повеќе од едноставно опстојување и зграбување на подобри позиции, повеќе пари и моќ. Дека човекот не е само она што поседува. Дека не сме вредни по она што го имаме туку по она што постоиме и како постоиме. Мудроста на живеењето е во свесноста за суштествените вистини. Не можеме да постоиме ако се одделиме од својот извор. Дали може да постои река без својот извор. А љубовта е извор на нашето постоење и ако останеме без неа ние сме во опасност да пресушиме и да исчезнеме.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________