Почетна --> Архива --> 306 --> Пофалба на мрзливоста
Пофалба на мрзливоста
Автор: Младен Стилиновиќ   

Чиста глупост, време на болка, на залудна концентрација. Сите тие доблести на мрзливоста се важни чинители на уметноста.

Уметниците од Западот не се мрзливи и затоа веќе не се уметници, туку се произведувачи на нешто: производство, промоција, систем на галерии, систем на музеи, систем на натпревар...

Како уметник учев и од Истокот (социјализмот) и од Западот (капитализмот). Сега, кога  се сменија границите и политичките системи, таквото искуство веќе не е можно. Меѓутоа, ми остана тоа што го научив од тој дијалог. Гледањето и познавањето на уметноста на Западот деновиве ме наведе на размислување дека на Западот и не може да има уметност. Не тврдам дека ја нема. Зошто не може да има уметност на Западот? Одговорот е многу едноставен. Уметниците на Западот не се мрзливи. Уметниците на Истокот се мрзливи, а дали ќе останат такви сега, кога веќе не се уметници на Истокот – ќе видиме.

Мрзата е отсуство на движење и мисли, само тапо време - потполна амнезија. Мрзата е исто така рамнодушност

Џарење во ништо

неактивност, немоќ. Таа е чиста глупост, време на болка, на залудна концентрација. Сите тие доблести на мрзливоста се важни чинители на уметноста. Не е доволно да се знае за мрзата, таа мора да се практикува и усовршува. Уметниците од Западот не се мрзливи и затоа веќе не се уметници, туку се произведувачи на нешто. Потполната преокупираност на уметниците на Западот со неважни работи, како што се производство, промоција, систем на галерии, систем на музеи, систем на натпревар (кој е прв), заиграност со објектите, сето тоа ги оддалечило од мрзливоста, од уметноста. Како што парите се хартија, така и галеријата е соба.

Уметниците од Истокот биле мрзливи и сиромашни затоа што „целиот систем на неважни“ фактори за нив не постоел. Затоа имале време да се концентрираат и да се бават со

Уметност и мрза

Но и кога произведувале уметност, знаеле дека е тоа залудно, дека тоа е ништо. Мудроста за мрзливоста уметниците од Западот имале од кого да ја научат, но не ја научиле. Двата најважни уметници на ХХ век се бавеа со прашањето на мрзата, и теоретски и практично: Duchamp i Maljevič.

Duchamp никогаш не зборуваше за мрзливоста, туку за рамнодушноста и неработењето, на прашањето на Pierre Cabanne – што му донело најголемо задоволство во животот, Duchamp одговорил: „Како прво, имав среќа, затоа што никогаш не морав да заработувам за живот. Сметам дека да се работи за живот е малку имбецилно од економска точка на гледање. Се надевам дека еден ден ќе можеме да живееме без обврска да работиме. Благодарение на мојата среќа, можев да се провлечам низ животот без работа“.

Maljevič напиша текст со наслов „Мрзливоста – правата вистина на човештвото“ (1921). Во тој текст тој го критикуваше капитализмот затоа што овозможува само на мал број на капиталисти да бидат мрзливи, но и социјализмот, затоа што целокупнотно нивно движење се базираше на работата и трудот: „Народите се плашат од мрзливоста и ги гонат оние кои ја прифаќаат, се се случува на тој начин, затоа што никој не ја сфатил како вистина, затоа што ја жигосаа како ,мајка на сите пороци`, а таа е мајка на животот. Социјализмот носи ослободување на несвесното, тој ја жигосува мрзливоста не знаејќи дека таа го родила и така нејзиниот син ја жигосува во својата лудост како ,мајка на пороците`, но тој се уште не е синот кој ќе го тргне жигот и затоа во оваа куса белешка, јас сакам да го тргнам жигот на срамот од нејзиното чело и да ја направам не мајка на сите пороци, туку мајка на совршенството“.

И да бидам мрзлив и да заклучам, нема уметност без мрзливост.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________