Почетна --> Архива --> 306 --> РИТМИЧКИ ВЕЖБИ
РИТМИЧКИ ВЕЖБИ
Автор: Марјан Вучковиќ   

1. Во претходнио број си продискутирафне за 8 Септември, дено кога излегофне од СФРЈ и си се осамостојфне, како шо носи редо. Саботата Скопјето беше џган. Со гага-превоз сите се џитнаја накај Скопје, да го разгледат и да си запејат во еден глас по некоја песна во 7/8 такт, чунки од сега па натаму тој е македонски такт. И сите убај песни шо си ги знајме ќе бидат препеани во 7/8 такт, и во друштво ко ќе си потпевнувате ќе си пејте во 7/8 такт, делми тој е нашиот такт.

 

2. А, ако размисли чоек малку пошироко, не само музички ами, наш животен такт е 7/8 такт. Метафоричко – филозовски, 7/8 (или 7 од можни 8), претставува симболика за некој што не е во состојба да достигни 8 од 8, па се задоволва со 7 од 8. И жално ама вистинито, ама секогаш сме биле половични, недовршени, секогаш има едно ама...

 

3. Во 1991 ко се осамостофне, ни дозволија држава, ама не и јазик, а грците пак, ни го признаја јазико ама не името. Да си бидиме реални 7 нешта за остварвање на самостојноста ги имафне исполнето, да имаме народ, да имаме, територија, да имаме, писмо, да имаме политичари со такви меѓу нозе шо ќе се борат до крај да не пропадниме во првите седум месеци,  да имаме сколиии, да имаме црква, да имаме симболи шо ќе не разликват од другите. Се на се седум, осмиот – знамето ни го сменаја.

Туку остај то, транзицијата на г-нот Б. Ц. читава ја остај секоја седма фабрика од вкупно 8. Па зато денес фабрики шо ни се бројат на прсти, а се сметат за успешни се оние неколку шо останаја од социјализмо, (земајќи дека мерило за успешна фирма од типо на квасарата, денес е платата на работнико).

И во овај случај, 7 фабрики пропаднаја, ги испокрадоја, ги опустошија и на крајо ги продадоја, ама 8-та куртили, во име на такто.

 

4. И то било, па поминало, денес од 8 најавени инвеститори, 7 се откажват, а осмиот ќе се подума па - ја ќе инвестира, ја не. Плус од сите фирми во приватна сопственост во Битола, седум се грчки, осмата е македонска сопственост.

Процентуално разгледвано, седум фамилии крпат крај со крај, осмата не знај колку пари има во џепо. Седум домаќинки љупат пиперки за ајваро сеа, осмата си плаќа друга домаќинка да и го напрај.

 

***

Да не набројваме понатаму, слободно можите сами да си црпите примери од секојдневието за да сфатите дека нашио такт е тој, и скале или не стално ќе си чукаме на ламарина во 7/8 такт, а политичарите пошто ќе ги боли уво за нашето тропање на ламарина, ќе слушат само на осмото чукање.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________