Почетна --> Архива --> 313 --> ПОЛИТИЧКО ПОСРЕДНИШТВО И АКАДЕМСКА СОРАБОТКА
ПОЛИТИЧКО ПОСРЕДНИШТВО И АКАДЕМСКА СОРАБОТКА
Автор: ЕГО Редакција   

Политичкиот дијалог мора да продолжи. На тоа моментно е ангажиран и  дипломатскиот кор во Република Македонија, изјави новоименуваната француска амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер која во понеделникот престојуваше во Битола. Таа изјави дека дипломатската активност ја почнува во исклучително сериозен момент за државата.

- Доаѓам во еден многу комплициран момент, кога политичкиот дијалог се прекина, но тој мора да продолжи, за да може државата да се презентира пред Европскиот совет кој ќе заседава во јуни. За мене и моите колеги од европските земји е постојана грижа и заедничка задача да го вратиме

Политичкиот дијалог

во позитивна насока, рече Оер.

Таа оствари и работна средба со проф. д-р Златко Жоглев, Ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола. Според неа, соработка на битолскиот универзитет со универзитети од Франција е на солидно ниво и може дополнително да се интезивира и унапредува.

- Сметам дека постои голем потенцијал, особено на полето на изучувањето и негувањето на францускиот јазик. Научната компонента можеме да ја развиеме преку француски истражувачи од светско реноме кои ќе дојдат тука. Нашите иницијативи се посветени и на студентите од овој Универзитет кои би се поврзале со своите колеги од европските држави и посебно од Франција, со што би придонеле во европските интеграции на државата, посочи амбасадорката Оер.

Ректорот Златко Жоглев истакна дека долга е традицијата на поврзаност меѓу Битола и Франција која датира од втората половина на 19 век, и посебно со некогашниот

„Круг на пријателство“

меѓу Битола и Франција формиран во 1923 година, како и познатите француски училишта во овој град.

- Соработката со француските универзитети се одвива продуктивно и континуирано. Со Универзитетот Софија Антиполис од Ница соработуваме 15 години и како партнерски универзитет ги реализираме докторските студии за претприемништво на Економскиот факултет во Прилеп. Нашата намера е да издаваме заедничка диплома од овие студии, истакна Ректорот Жоглев.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола во моментов активно соработува со Универзитетот во Монпелје, Универзитетот во Нанси, Универзитетот во Лил.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________