Почетна --> Архива --> 313 --> КОЈ ПРВ ПОЧНА?
КОЈ ПРВ ПОЧНА?
Автор: Симе Алушевски   

 

1. Регулаторната комисија пред да си поднесе оставка ја намали цената на електричната енергија и ја врати евтината дневна тарифа. Не стигна да ја намали цената на бензинот, ама таа работа им ја остави како аманет на новиот состав.

Али Ахмети најави дека се повлекува од сите политички функции и дека заминува во манастир.

Лустраторската комисија го објави списокот на соработници на тајните служби кои сега се на високи позиции.

Грујо се согласи на предвремени избори во интерес на демократијата, а да не остане покусо, Бране побара прошка и ги врати пратениците од СДСМ во Собранието. Сите тие заедно, првата работа што ја направија - со двотретинско мнозинство го поддржаа предлогот на Драгиша Милетиќ за номинација на Талат Џафери за Нобелова награда за мир. Како резултат на сето тоа, Европа веќе донесе одлука да ни определи датум за почеток на преговорите, а грција, немајќи веќе каде, самата побара да го задржиме уставното ни наше име, Република Македонија. 

Знам дека некој ќе рече: Ти се заебаваш?

Ако е ова мајтап, што ќе речете за ова што следи:

 

2. Неколкумина попови и владици решија да ги продадат џиповите и парите да ги донираат за обнова на изгорените конаци на Трескавец. Исто така, поучен од нивниот пример, еден битолски бизнисмен реши парите кои ги калапел за да и купи џип не неговата метреса, решил да ги даде за изградба на изгорениот дом Копанки.

Е сеа, не некој, туку повеќемина ќе речат: Чеј сеа, ама ти стварно се заебаваш?

 

3. Оди човек во бирото за вработување и прашува:

- Да не имате некаква работа за мене?

- Нормално!

- Каква работа е тоа?

- Одлична! Ќе имате своја канцеларија, секретарка и личен возач, а платата ќе ви биде 2.000 евра.

- Добро, вие мене ме заебавате?

- А, кој почна прв бе?!

 

4. Дека оној од бирото за вработување терал мајтап, тоа знам. Дека некој ќе продаде џип за да ги донира парите, тоа е веќе многу. Ама дека ќе се смират власта и опозицијата? Е, во тоа ниту верувам, ниту е за смеење. Само едно знам, дека без да дојде шумарот, оној истиот од 1945 што ги  растера по дома и партизаните и Германците, не им се гледа крајот на нашите кавги.

 

5. ММЕ кој прв почна...

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________