Почетна --> Архива --> 316 --> ПРИВАТНИТЕ КОЛЕКЦИИ ВО БИТОЛА
ПРИВАТНИТЕ КОЛЕКЦИИ ВО БИТОЛА
Автор: Стевче Тодоровски   

Монетите не се само платежно средство, туку и одраз на соодветната епоха, на нејзините карактеристики, на историските околности  случувањата, одраз на уметничките правци, на религијата, културата  и сл. Накусо, преку монетите може да се долови духот на едно време. Можеби затоа страста на колекционерите кон монетите  е толку голема, без оглед на тоа дали се работи за монети од благородни метали, или за монети од обична бронза, бакар... Музеите овие мали парчиња метал гордо ги изложуваат во витрините, а пак некои колекционери љубоморно ги чуваат, далеку од очите на јавноста.

Во пределот на Македонија се најдени многу монети од времињата што минале и на разни начини стигнале до приватните колекции на битолчани. Подолу е делумен приказ на само некои од монетите од византискиот период од III VI век.

Крајот на III век е

Немирно време

Важноста на војската во услови на непрекинати варварски напади станува првостепена, што се одразува и на парите. На нив преовладува претстава на Викторија (победа) која му става венец на главата на фигура на воин. Овие победнички монети покажуваат воен успех над некој противник. На монетите од овој периос се уште преовладуваат паганските божества: Јупитер, Гениј, Сол или Митра... Во време на императорот Диоклецијан (284 - 305) го снемува портретот како индивидуална слика на монетите. Претставите на владетелите сличат еден на друг и само во поедини црти можеме да ги разликуваме и идентификуваме - портретот на царот е брахикефален тип со истурен нос и длабоко засечени усни.

Во третата деценија на IV век на парите веќе ги гледаме знаците на христијанството, иако се уште остануваат и понатаму различните персонификации.

Со монетарната реформа на Анастасиј од 498 год. вредноста на парите била означувана со букви: М = 40 нуми; К = 20 нуми. Овие монети биле исковани во монетарницата Константинопол - Цариград. Во времето на Анастасиј работеле уште две монетарници, во Никомедија и Антиохија. Од V и VI век ликовите се идеализирани и правени по шаблон. Ова е време кога на реверсот Викторија се преобразува во свети Михаил, чија претстава се јавува на монетите.

Рановизантиските монети се карактеризираат со

Религиозни симболи

Тие го пропагирале христијанството во времето кога политиката и христијанството играле важна улога во социјалниот живот на државата. Во овие монети не постои убавина со висок уметнички квалитет како што се монетите од римскиот период, бидејќи портретот не е реалистичен, туку е плиток и безизразен, фигурите се крути и стилизирани. Техниката на граверот е примитивна, а натписите се нечитливи.

Во времето на Јустинијан I (527 - 565) се направила уште една монетарна реформа (538 - 539) со која се отвориле единаесет ковници на пари што било знак за зајакнување на занаетчиството и трговијата. Во ова време паралелно со официјалните државни монетарници работеле и локални работилници. Овие работилници се обидувале да ги имитираат монетите од државните монетарници, што заклучуваме по сечењето на калапите, кои се груби, со нескладно изработен портрет и дури погрешно наместени букви на владетелот. Постоела голема разлика во изработката на аверсот и реверсот, бидејќи на реверсот била обележувана вредноста на монетата.

Многу од различните монети од овие период (крај на III  до VI век) се наоѓаат во приватни колекции во Битола, како на пр. во колекциите на Божо Маслинко, Пеце Стојановски и Марјан Малбашиќ.

Детален опис на 134 монети од приватни колекции се дадени во трудови на авторот објавени во стручни списанија.

 

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________