Почетна --> Архива --> 316 --> Love Me Tender
Love Me Tender
Автор: Спектатор   

Ако трите прасиња избегале од дома затоа што родителите им биле свињи, тогаш за причините за масовниот егзодус на младите од земјава, нека се замислат оние што скоро секоја година распишуваат избори „за да ги решат народните проблеми“.

Понекогаш размислувам... а бе како понекогаш, постојано таму ми е умот -зошто и по толку години од осамостојувањето се уште сме во длабока сиромаштија, криза и бесперспективност? И не само тоа, туку не гледам дека некој има реална визија - што понатаму? Во континуитет, цели 23 години сме под притисок и очекување дека некоја ѕверка ќе не изеде. Си го замислуваме, демек, Судниот ден, ама пак елитата од која очекуваме да не извади од оваа состојба, изгледа абер си нема. Единствено чаре е да престанеме да кукаме и да се фатиме за работа.

Ај... пусто наше, за која работа? Кај да се најде? Зарем ја има некаде низ државичево ни? Без вујко-владика, без пријатели во високите кругови, без партиска книшка... такво нешто - нема!

Според многумина што ги есапам за паметни, во земјава останаа само оние кои татковината ја сакаат со срце, бидејќи тие што ја сакаат со памет - заминаа во странство. Ако според оној, пишувачот на

Детски приказни

Андерсен, трите прасиња избегале од дома затоа што родителите им биле свињи, тогаш за причините за овој масовен егзодус на младиве од земјава, нека се замислат тие што скоро секоја година распишуваат избори „за да ги решат народните проблеми“. Ним око не им трепнува дека младите едвам чекаат да им се укаже шанса да ја збришат надвор. Затоа вадат бугарски пасоши, а не дека се чуствуваат Бугари. Затоа работат на берење портокали, праски и секакви други измеќарски работи. А тие што треба да создадат работни места, очигледно се тридимензионални - едно зборуваат, друго мислат, трето прават! Прости ми Боже, ама ми наликуваат на оние зависници кои се заљубени во онаа кокошката што е во мода, што народски ја викаме кока-ин. Знам дека таа (пустината) и алкохолот не ги решаваат вистинските проблеми на граѓаните, но се испостави дека тоа не може да го направи ни млекото. И ајде де, биди паметен?!

Меѓутоа, се` ми оди умот дека во позадината на целата оваа ујдурма стои една безимена квази-политичка збирштина која би ја нарекол „Тендерска“ без оглед на нејзиниот предзнак ВМРО, СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛП.... Е, од нив - нема куртулвачка! Врзани се бре браќа, како сијамски близнаци, без совест, без достоинство, без жал, без идеја, само за да ги остварат нивните материјални интереси преку бизнис-шмеќарлаци со сите влади топтан наназад.

Некои тоа го негираат и велат дека, ете, на пример, на некој едикојси

Поранешен министер

му се сонило оти во фиљан место ќе се гради индустриска зона и ооооппп, палениот, си го заменил наследеното земјиште од некоја си скрка кај што пиле не пее, со место кај идната зона. Тоа ти се вика среќен човек, зашто си го оствари сонот! Не море!

Друг пак ми ти бил некогаш преседавач на општински совет, па си наплаќал дневници кога одел дури и по погреби и собирал сметки од по маси за да прикаже и да наплати трошоци. Имало и такви кои спонзорставата дадени на неговата партија ги земал дома, па од многу телевизори, кабли и антени, се сопнувал кога се движел од спалната кон кујната. Следен, скроз јак бизнисмен, нафатиран в крај, имал слабост кон касети со алати, ама сепак им ги враќал на мајсторите кога за тоа ќе дошикала полицијата. Има и такви учени кои за скромни пари најмувале изработувач на магистерски и докторски дисертации и на ангро почнале да добиваат научни титули. Поединци пак, со малку пот и со дебели врски кои допираат до министерски фотелји, фаќаат тендери за поставување дограма во училишта. Еден втор, трет, шенаесетти (веќе не знам кој по ред) се тае во глувчешка дупка и чека да се донесе закон за купување на

Државните дуќани

па си го чува дуќанот закупен на име на сестра му, а во меѓувреме борџи огромна кирија. Ако некој се јави ербап да сака да го купи односниот дуќан, ќе треба прво да ги плати заостанатите наемнини. И ој ти сеа, биди му конкуренција!

Веќе е тривијално, ама ај да не речат ги заборавивме - не се многумина, ама сепак има и такви кои не знаеле колку точно станови имаат купено во текот на нивните мандати. Најретки се оние на кои им станало монотоно 23 години културно да заработуваат од некој наш рудник, па си увртеле во умот дека стварно знаат и можат да фатат работа во Калјари и Кожани во Егејска Македонија.

Во земјата каде завршува кршот на возилата од ЕУ (изгледа затоа не не примаат таму, нема каде да го носат друго место) „Тендерската“ нема сектор каде не е пикната. Не се поштедени ни здравство, ни образование, ни ништо, но некако пак не ми се верува дека некој направил викендица со парите „позајмени“ од институција која се грижи за деца со недостатоци, не ми се верува дека некој секоја втора година на метресата и купувал ново возило, не сакам да поверувам дека на одредени им е свесно овозможено здравствените установи да ги снабдува со храна со поминат рок и не верувам дека има такви суштества кои во градинките постојано испорачуваат нездрави производи. Ама што ќе прајш, ако тоа е вистина, некој им го дозволува тоа!

По сите овие, ај да речеме изнесени невистини или јавни озборувања, активистите на „Тендерска“ се замислуваат дека се луѓе со смисла за хумор само со тоа што знаат да кажуваат вицеви на туѓа сметка и мака, а никогаш не се смеат на вицевите од реалноста што постојано ги прикажува напатениот ни народ. То е то! Кај нас се кажува нешто добро само за некого кога ќе замине од овој свет.

Ако нам простејшите ни е до утеха, на помош ќе го повикаме

Невропсихијатарот Јован

Ѓорѓевиќ кој дава психолошки профил за типови како овие нашиве, припадниците на „Тендерска“. Учениот Јован вели дека тоа се празноверни типови кои не веруваат - ни во себе, ни во другите.Тие немаат своја личност и не се сигурни во себе. Веруваат само во нешто кое е корисно за нив. Веруваат само во оние кои ги задоволуваат и заштитуваат. Многу се сугестибилни. Во суштина тие од се се плашат! Истовремено се им пречи и не знаат што да прават со себе. Низ празноверието самите себе си се доживуваат како добри познавачи на се она што се случува околу нив. Сепак, вообичаено, тие се полни со страв. Брррр! Наутро обврзно тргнуваат со десна нога и ритуално потплукнуваат, ако патот им го пресече црна мачка. Тоа укажува на постоење на голема доза на суеверие, како одраз на нивните лабилни карактери. Значи, тендерашиве се комбинација од празноверие и суеверие, а во себе немаат никаква доверба. Заради несигурноста, низ празноверието бараат некој свој невозможен излез од состојбата во кој се наоѓаат. Кога онака ќе ги подзагледаш, пред себе ќе видиш збунета, нерешителна и изгубена личност. Чарето е да ги пуштиш да се задоволат и испразнат со зборување за нивното верување... ако постои.

Најмалку имаат доверба во себе. А верувањето, браќа мили, е основа на испитувањето и истражувањето. Верувањето и вербата се претпоставки, хипотези. Е сеа, овие од „Тендерска“ не веруваат во ништо оти им е страв да не ја дознаат вистината.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________