Почетна --> Архива --> 318 --> КАПКА ПО КАПКА И ВО ПЕЛАГОНИЈА
КАПКА ПО КАПКА И ВО ПЕЛАГОНИЈА
Автор: ЕГО Редакција   

Се очекуваат приноси од 17 - 20 тони пченка по хектар, а сегашниот просек изнесува околу 5 тони. Исплатливоста е голема бидејќи уште во првата година, со зголемувањето на приносите, инвестицијата ќе се врати.

 

Педесеттина земјоделци од Пелагонија и Полог преку проектот на УСАИД за експанзија на малите бизниси, ќе применат нови технологии за да постигнат неколкукратно зголемување на приносите на пченка. Ако индивидуавлните земјоделци од Пелагонија досега добивале по 7 - 8 тони пченка по хектар, со системот за наводнување тн. капка по капка, ќе имаат двојно поголеми приноси.

За таа цел Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола потпиша документ за соработка програмата на УСАИД за експанзија на мали бизниси. Претставниците на УСАИД сметаат дека за воведување на овој систем најважни се протоколите, бидејќи систем може да купи секој земјоделец, но доколку нема

Техничка поддршка

како да ги следи протоколите, тоа нема да му биде од корист. Од УСАИД  додаваат дека за овој проект има голема заинтерсираност кај македонските земјоделци, а дел од земјоделците во Пелагонија веќе самите инвестирале во овој систем.

- Капка по капка не е најнова иновација, но во Македонија не е често применувана. Онаму пак каде што е користена, дала одлични резултати. Претпоставуваме дека Пелагонија особено ќе биде засегната од климатските промени, па затоа постоењето на ваквите системи ќе биде неопходно

Приносите на пченка

да се задржат и да се зголемат, вели Мирјана Македонска, заменик-директор на Прокет на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

Со примена на предвидените агротехнички мерки врз пелагонските ниви каде ќе биде имплементиран овој систем се очекуваат приноси од 17 па дури и до 20 тони пченка по хектар. Сегашниот просек изнесува околу 5 тони пченка по хектар.

- Системите капка по капка се со најразлични цени, а ние се одлучивме за израелска компанија чии системи чинат 2.950 американски долари за хектар. Исплатливоста е голема бидејќи уште во првата година, со зголемувањето на приносите, инвестицијата ќе се врати. И она што е најважно - знаењето, бидејќи консултант од Израел ќе работи со земјоделците и со советниците од Агенцијата. Тоа ќе остане во Македонија, вели Македонска.

Директорот на АПРЗ Јордан Кузмановски, вели дека реализацијата на овој проект ќе биде голем

Влог во развојот

на земјоделството заради очекуваното зголемување на приносите на пченката како важна земјоделска култура.

- Ги охрабруваме земјоделците со стекнување на знаењата од овој проект да го зголемат квалитетот и квантитетот на своите приноси. Овој проект најнапред ќе се реализира во Полошкиот и Пелагонискиот регион за што се пријавени 44 одгледувачи на пченка, а очекувам наскоро реализацијата на проектот да се пренесе и во другите региони низ државата, посочува Кузмановски.

Проектот трае четири години. Во тој период советничката мрежа на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе биде ангажирана врз промоција на добрите земјоделски практики, вклучувајќи ги и модерните постапки и соодветна употреба на регистрираните агро-хемикалии преку тренинзи и теренски надзор, вели Мирјана Македонска, заменик директор на проектот.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________